Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал и СВР Струмица го расчистија убиството на Д.М. (67) во Струмица и во врска со овој случај се приведени двајца малолетници.
На 19.02.2021 година, по добиено оперативно сознание во СВР Струмица дека во куќа во Струмица се извршени кривични дела разбојништво и силување, а врз основа на наредба од Основен суд Струмица, извршен е претрес во куќа на улица „Балканска“ во Струмица, каде е пронајдена мртва Д.М. (67). Преземени се мерки за расчистување на случајот и извршена е обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека смртта настанaла по насилен пат, поради задушување, информираат од СВР Струмица.
Поради основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Убиство", казниво по член 123 од КЗ, на 19.02.2021 година, најпрво, во Гевгелија е лишен од слобода малолетник (13 години), а потоа во Струмица малолетник (14 години). По наредба на ОС Струмица, со цел обезбедување на дополнителни докази, извршен е претрес во домовите на осомничените.
Во просториите на СВР Струмица, во присуство на педагог од Центарот за социјални работи Струмица, родител и адвокат, извршен е службен разговор со осомничените, при што целосно е расчистено кривичното дело, а малолетниците со соодветен поднесок се предадени во Oсновното јавно обвинителство и во Центарот за социјални работи во Струмица, за понатамошна постапка согласно законската регулатива.
.
.
Фев 25, 2021 Вести
Изградбата на мостот на реката Турија меѓу населените места Просениково – Сарај, е во завршна фаза. Новиот мост направен по највисоки стандарди е со д...
Фев 25, 2021 Вести
Премиерот Зоран Заев, кој заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ја добија Хесенската мировна награда, својот дел, парична сума од 12.500 ...
Фев 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради отстранување на дефект на водоводната мрежа, утре (петок, 26 февруари), од 07:00 часот ќе биде пр...
Фев 24, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
„Јавната хигиена секогаш е наш приоритет. Со покачувањето на температурите, денеска започнавме со миење на улиците во градот. Во оваа акција се вклуче...
Фев 24, 2021 Вести
Учениците Славе Мирчовски и Зоран Колев од СОУ „Никола Карев“ од Струмица изработија мебел за потребите во канцеларии на Министерството за образование...
Фев 24, 2021 Веб Билборд
Поради зголемен обем на работа, Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понедел...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа околу 21:00 часот во СВР Струмица, Ј.А.(37) од село Градашорци, општина Василево, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 15-годишна ќе...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека поради дефект на главниот цевовод, денеска и утре (понеделник и вторник, 22 и 23 февруари), ќе има пре...