После Скопје и Крива Паланка, и Струмица добива „место на новата генерација“, кое ќе нуди можност за младите луѓе да земат активно учество во обликувањето сопствената, но и европската иднина на земјата. Делегацијата на Европската Унија во Македонија, утре во Струмица отвора „Europe House“. Церемонијата околу отворањето на Европската куќа, која се наоѓа спроти зградата на Општина Струмица, започна уште вечерва со светлосна инсталација во малиот Градски парк, музички настап на младите музичари, Стојан Стојанов на гитара и Магдалена Стојанова како вокал, во Европската куќа, како и изложба на младата сликарка Верица Арапова. Вечерва таму свој концерт во живо имаше и струмичкиот бенд „Диктили“.
Утре напладне, амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и премиерот Зоран Заев, ќе ја посетат Струмица за да ја отворат новата „Europe House“, заедно со градоначалникот Коста Јаневски. Сосема новата „Europe House“ е основана од Делегацијата на ЕУ за да им служи на младите луѓе од Струмица и да функционира како младински центар за поширокиот регион.
Официјалното отворање вклучува активности на отворено во малиот парк со учество на локални млади луѓе т.е. хип-хоп танцовото студио „One Way“, графити на уметникот Сашко Николовски, спортисти, уметници, како и младите европски амбасадори и аташеа од Македонија.
Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски ќе го предаде клучот од „Europe House“ на младите луѓе од Струмица, а вечерта се планира „light аrt“ инсталација внатре во „Europe House“, како заокружување на денот на отворањето.
.
.
Фев 25, 2021 Вести
Изградбата на мостот на реката Турија меѓу населените места Просениково – Сарај, е во завршна фаза. Новиот мост направен по највисоки стандарди е со д...
Фев 25, 2021 Вести
Премиерот Зоран Заев, кој заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ја добија Хесенската мировна награда, својот дел, парична сума од 12.500 ...
Фев 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради отстранување на дефект на водоводната мрежа, утре (петок, 26 февруари), од 07:00 часот ќе биде пр...
Фев 24, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
„Јавната хигиена секогаш е наш приоритет. Со покачувањето на температурите, денеска започнавме со миење на улиците во градот. Во оваа акција се вклуче...
Фев 24, 2021 Вести
Учениците Славе Мирчовски и Зоран Колев од СОУ „Никола Карев“ од Струмица изработија мебел за потребите во канцеларии на Министерството за образование...
Фев 24, 2021 Веб Билборд
Поради зголемен обем на работа, Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понедел...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа околу 21:00 часот во СВР Струмица, Ј.А.(37) од село Градашорци, општина Василево, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 15-годишна ќе...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека поради дефект на главниот цевовод, денеска и утре (понеделник и вторник, 22 и 23 февруари), ќе има пре...