Од утре со почеток во 12:00 часот пред маркетот на „Тинекс“ во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ почнува со собирање потписи за поништување на Законот за попис, најави Владимир Ристов, секретар на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.
Интегрален текст од прес конференцијата:
ВМРО-ДПМНЕ започнува со граѓанска иницијатива за Закон за поништување на Законот за Попис. Од утре, сабота 20-ти февруари со почеток во 12:00 часот струмичани имат можност да го дадат својот потпис на локацијата пред „Тинекс“ маркет. Со нашите потписи даваме поддршка на вистински Попис - статистичка операција која е потребна на Македонија наместо политички договор.
Власта на Зоран Заев овој закон го направи на брзина со Европско знаме без да прифати ниту еден од 40 амандмани на опозицијата. При што, Законот ги нема европските стандарди. Имено нерезидентните граѓани може да се попишуват само со приложување на единствен матичен број, додека исходот е зависен од некаков врзан потпис, а веќе политичарите лицитират со проценти и бројќи и потоа се демантираат и извинуваат, па дополнително се девалвира овој важен процес.
Почитувани, Пописот на една земја е најважниот настан за една економија, од која зависи планирање во стопанството, образованието, земјоделието и другите гранки и од која зависи кредитниот рејтинг на државата кој конечно удира по џебот на нас граѓаните. Да потсетиме дека во Европа поради пандемијата пописот се одложи за наредната година. За да се зачува здравјето на граѓаните власта има можност и сега да реализира електронски попис. Постојат повеќе разумни аргументи на нас граѓаните во ова наше барање. Затоа ги покануваме граѓаните ја поддржат оваа иницијатива и да го дадат својот потпис за вистински попис за Македонија!
.
.
Фев 28, 2021 Вести
Денеска во Скопје се одржа 53-от Државен шампионат на Македонија во кати - традиционално карате, каде каратисти од Карате клубот „Шихан“ од Струмица о...
Фев 28, 2021 Вести
Од понеделник започнува да функционира Мобилната амбуланта на Општина Ново Село набавена преку проектот „Мрежа за примарна здравствена заштита“, кој е...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Во последните 24 часа од направените 3.816 тестирања, регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 од кои 16 во Струмица. Починале 7 лица, еден и во Стр...
Фев 27, 2021 Вести
„СДСМ го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството усешно и во духот на демократските процеси. Над 80.000 членови се ажурир...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека синоќа околу полноќ, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на улицата „Млади...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа околу 01:00 часот по полноќ, по претходна пријава и издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес во домот на ...
Фев 27, 2021 Веб Билборд
Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од продавачка, девојка за примање на „онлајн“ нарачки и момче фотомодел за промоција на машка облека. Пријавува...
Фев 26, 2021 Вести
Пред споменикот „Македонија“, родната Струмица на претседателот Борис Трајковски ја одбележа 17-годишнината од загинувањето во трагичната авионска нес...