Интернационалната фудбалска ѕвезда, струмичанецот Горан Пандев доби уште едно големо признание во кариерата и од Агенцијата за Млади и Спорт (АМС), прогласен за најдобар спортист на изминатата 2020-та година во Македонија.
Фудбалерот на Џенова имаше незаборавна година со Македонија. Во полуфиналето од Лигата на нациите падна Косово, а потоа во големото финале беше совладана и Грузија. Токму Горан Пандев беше стрелец на победничкиот гол во Тбилиси и ја однесе Македонија за првпат во историјата на ЕП.
„Жал ми е што не можам да бидам присутен оваа прекрасна вечер, па морам преку видео да се заблагодарам на сите за оваа награда, за сите што гласаа за мене и за АМС. Мислам дека за оваа награда најзаслужни се сите во репрезентацијата почнувајќи од селекторот, моите колеги, лекарите, масерите, економите... Изградивме едно семејство, направивме успех кој многу генерации го посакуваа и сонуваа. Го остваривме сонот на сите. Оваа награда е поттик за понатаму и ми дава поголема верба во себе да продолжам со успех да го носам репрезентативниот дрес, бидејќи дресот на Македонија за мене е светост“, кажа Пандев во своето видео обраќање.
Поради отсуство на Горан Пандев кој има настапи во Италија, наградата од премиерот Зоран Заев ја прими неговиот брат Сашко Пандев. Во борбата за првото место, Горан Пандев беше подобар од Дејан Георгиевски (таеквондо) и Емил Павлов (карате).
.
.
Фев 24, 2021 Веб Билборд
Поради зголемен обем на работа, Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понедел...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа околу 21:00 часот во СВР Струмица, Ј.А.(37) од село Градашорци, општина Василево, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 15-годишна ќе...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека поради дефект на главниот цевовод, денеска и утре (понеделник и вторник, 22 и 23 февруари), ќе има пре...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Струмичката полиција информира дека во текот на вчерашниот ден, односно во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на подрачјето што го покрива СВР Стумица ...
Фев 21, 2021 Вести
Планинари на Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица, придружени од планинари од Валандово, утрово од пред споменикот „Македонија“ во Градскиот па...
Фев 21, 2021 Вести
По завршувањето на церемонијата околу отворањето на „Европската куќа“ на Делегацијата на Европската Унија во Струмица, евроамбасадорот Дејвид Гир и пр...
Фев 20, 2021 Вести
Делегацијата на Европската Унија во Македонија, денеска напладне во Струмица ја стави на користење на младите од струмичкиот регион третата Европска к...
Фев 20, 2021 Вести
Од денеска напладне на просторот кај маркетот „Тинекс“ во Струмица, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ постави пункт за собирање на потписи од граѓанит...