„На 29.12.2020 година истата Комисија испраќа допис до избраниот кандидат со барање да достави дополнителна документација со која ќе се прецизира, во рок од три дена, дали кандидатот го исполнува посебниот услов утврден со статутот на НУЦК „Антон Панов” Струмица и во дел 2 алинеја 3 од Јавниот оглас за избор на директор. Иницијативата „Култура или фискултура?“ констатира дека комисијата ги прекршила условите на конкурсот, со што се врши фаворизација на избраниот кандидат и дискриминација на останатите два кандидати“ - стои во денешното соопштение до медиумите на Иницијативата.
Додаваат дека на избраниот кандидат на 11 јануари поднел дополнителни докази дека го исполнува посебниот услов од конкурсот.
„Неминовно се поставува прашањето: Што ја натерало Комисијата за селекција на кандидати да ги прекрши условите на конкурсот и само од веќе избраниот кандидат да побара дополнителни докази и истиот да го повика на интервју за потоа да го назначи и за генерален директор?!“ - прашуваат од Иницијативниот одбор „Култура или Фис-култура?“.
Инаку, актери од струмичкиот театар незадоволството од изборот на новиот директор на НУЦК „Антон Панов“ го изразија со повеќе протести, а имаа и средби со министерката за култура.