„Ги замолуваме политичките партии да не го користат пожарот во „Глобал“ да добиваат поени кај своите симпатизери и активисти зошто со тоа не ни помагаат на нас, жртвите на настанот. Доколку сакаат да покажат со прст кон кривецот за настанот, замолуваме да се почекаат резултатите од истрагата која е започната и институциите да го кажат тоа“, реагираат денеска од Здружение на тезги ГТЦ „Глобал“ Струмица.
Сакаме да им се заблагодариме на сите субјекти, физички и правни лица кои се понудија да помогнат во решавање на ситуацијата која настана во ТЦ „Глобал“, а поради кој немил настан многумина од нас останаа без својот основен приход на живеење.
Меѓутоа, сакаме и да укажеме дека политичките препукувања не се потребни во овој момент. Не треба да се долева бензин на огнот кој беснееше и кој беше изгнаснат. Ни треба солидарност и сплотеност во овој момент, за да може сите заедно да го изградиме повторно нашето работно место.
Во понеделник ќе биде отворена сметката за донации за санација на ТЦ „Глобал“, а почнаа и активностите со чистење на објектот.
Согласно ова, ги замолуваме сите оние кои вистински сакат да ни помогнат, да го направат тоа на некој од овие два начини. Само вака, ќе покажете дека стоите до нас, рамо до рамо во оваа несреќа.
ТЦ „Глобал“ бил и ќе биде пазар каде се нуди производот на маката и трудот на земјоделците. Нема да дозволиме да биде политички пазар, посебно во моменти кога ни е загрозено парчето леб и е потребна негова санација и повторно пуштање во употреба.
.
.
Јан 20, 2021 Вести
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...
Јан 20, 2021 Вести
Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...
Јан 20, 2021 Магазин
Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...
Јан 19, 2021 Вести
На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...
Јан 19, 2021 Веб Билборд
Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...
Јан 19, 2021 Магазин
Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...
Јан 18, 2021 Маркетинг
Од денеска до сабота, 23 јануари во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, роденденска недела со ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче меб...
Јан 17, 2021 Веб Билборд
Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...
Error: No articles to display