Струмица денеска беше најтопол град во Македонија, заедно со Битола, измерени се 17 степени, невообичани за овој период од годината. Најниска температура од 8 степени се измерени во Скопје и Тетово, 11 степени во Берово, 13 во Охрид и Претор, 14 во Крива Паланка, 15 во Штип и Гевгелија и 16 степени во Прилеп и Демир Капија.
Во вечерните и ноќните часови врнежи од дожд насекаде, а на планините ќе преминуваат во снег. Ветерот ќе го менува правецот во северен и вдолж Повардарието ќе се засилува.
Утре претежно облачно, попладне и во текот на ноќта кон недела со врнежи од дожд кои поради продор на постудена воздушна маса ќе има услови повремено да преминуваат во снег и на некои повисоки места во северните делови, а можна е и локална појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.