Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов денеска одржа прес конференција пред Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, каде минатата сабота изби голем пожар и беше уништен голем дел од објектот.
Интегрален текст од прес конференцијата:
„Помина цела недела од големиот пожар што го зафати Трговскиот Центар „Глобал“ во Струмица и по една недела освен непријатни слики јавноста не може да види ништо конкретно.
На своите прес конференции ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потсетува за начинот на кој беше изграден овој објект, бара одговорност и постојано нудиме податоци.
Денеска ја прашуваме власта до каде е утврдувањето на конкретната одговорност и, кои мерки им се понудени на оштетените. Особено заради дирекната поврзаност на случајот „Глобал“ со власта на СДС во Струмица, која трае веќе 16 години.
Граѓаните на Струмица се чуствуваат во најмала рака измамени. Сите знаеме дека пропагандата на Зоран Заев го претставуваше овој објект како најдобар пример за јавно-приватно партнерство и се сеќаваме колкава беше цената по квадратен метар.
Затоа:
- Не е опростливо да се создава рашомон при утврдување на одговорноста;
- Не е опростливо да се префрла вината на оние кои живеат од работата во „Глобал“;
- Не е опростливо да се признава дека после 16 години на локална власт Територијалната професионална противпожарна единица не е доволно опремена;
- Не е опростливо да се признава дека не функционира мрежата на хидранти додека тече вториот мандат на државна власт на СДС.
Бараме од институциите под итно да ја утврдат одговорноста!
Што да очекуваат граѓаните ако за ваква штета и проблем се поминува без конкретни одговори?
Ние како членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучиме на сите легални форми на солидарна помош за нашите сограѓани.
Ги охрабруваме оштетените сограѓани да не се плашат во наредниот период затоа што нивните брендови, услугите се препознатливи за сите нас.
Затоа, на оваа прес конференција: ВМРО-ДПМНЕ Општински комитет Струмица нуди правна помош за настраданите во пожарот „Глобал“.
Секој сограѓанин кој има потреба од правни консултации со цел да ги реализира своите права од денеска може да се обрати до нас.
Нашата цел е да ги преземеме сите правни и политички механизми за да не дозволиме вакви немили настани да бидат дел од нашето секојдневие“ – кажа Дрвошанов.
.
.
Јан 20, 2021 Вести
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...
Јан 20, 2021 Вести
Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...
Јан 20, 2021 Магазин
Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...
Јан 19, 2021 Вести
На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...
Јан 19, 2021 Веб Билборд
Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...
Јан 19, 2021 Магазин
Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...
Јан 18, 2021 Маркетинг
Од денеска до сабота, 23 јануари во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, роденденска недела со ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче меб...
Јан 17, 2021 Веб Билборд
Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...
Error: No articles to display