Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36) и Д.К. (44) и двајцата од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
На 5 јануари во домот на првопријавениот во Струмица, организирале роденденска прослава на првопријавениот, на која присуствувале повеќе лица што е спротивно на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од ковид-19, предизвикана од вирусот SARS-COV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.
Од прославата, второпријавениот снимил видео содржини на кои се гледа присуство на повеќе лица и така снимените видео содржини ги дистрибуирал низ социјалните мрежи.
Од страна на полициски службеници при СВР Струмица, преземени се мерки за расчистување и документирање на настанот. Обезбедени се објавените видео содржини од организираната роденденска прослава, извршени се службени разговори, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот, соопштени МВР.
.
.
Јан 20, 2021 Вести
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...
Јан 20, 2021 Вести
Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...
Јан 20, 2021 Магазин
Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...
Јан 19, 2021 Вести
На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...
Јан 19, 2021 Веб Билборд
Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...
Јан 19, 2021 Магазин
Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...
Јан 18, 2021 Маркетинг
Од денеска до сабота, 23 јануари во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, роденденска недела со ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче меб...
Јан 17, 2021 Веб Билборд
Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...
Error: No articles to display