Јаневски: Со чисти души, отворени срца и ведри лица празнувајте ги и годинава Бадник и Божик

Среда, 06 Јануари 2021

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, по повод Бадник и Божик, упатува честитка за благосостојба и радост во домовите на сите кои го славата овој христијански празник.

„Почитувани сограѓани од христијанска вероисповед,

Постои меѓу народот една порака која вели „Кај и да си, за Бадник и Божик, дома да си“. Во таа порака се наоѓа суштината на значењето и големината на претстојните празнувања кои ја истакнуваат важноста на симбиозата помеѓу Рождеството Христово и домот. Токму затоа, Ви посакувам светлина, топлина, хармонија, благосостојба и радост во Вашите домови, во кои на најубав можен начин се дочекува Бадник, и најдостоинствено се прославува Божик, како еден од двата најголеми празника во христијанскиот свет.

Со чисти души, отворени срца и ведри лица празнувајте ги и годинава Бадник и Божик, и со вера, љубов и надеж, побарајте здравје, среќа и спокој за Вас и Вашите ближни. Тоа се нештата кои ни ја откриваат смислата на живеењето.

Нека Ви е благословено празнувањето. Нека Ви се честити и вековити Бадник и Божик. ХРИСТОС СЕ РОДИ!“...

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исп…

Јан 20, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Јан 20, 2021 Вести

Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2021 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал“ во Струмица

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на…

Јан 19, 2021 Вести

На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во домашни услови

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во д…

Јан 19, 2021 Веб Билборд

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2021 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

Јан 18, 2021 Маркетинг

Од денеска до сабота, 23 јануари во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, роденденска недела со ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче меб...

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Јан 17, 2021 Веб Билборд

Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...