Сопствениците и корисниците на деловните објекти во „Глобал“, денеска имаа средба со членовите на Комисијата за проценки на штети

Вторник, 05 Јануари 2021

Општина Струмица со сите ресурси е ставена на располагање за помош на сопствениците и корисниците на деловните објекти кои претрпеа штети од пожарот во Трговскиот центар „Глобал“. По вчерашното формирање на Координативното тело со претставници од релевантни општински и државни институции, денеска Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, ги стави на располагање сопствените знаења и искуства во проценката на штетите предизвикани од пожарот. Во салата на Советот на општина Струмица се одржа средба меѓу сопствениците и корисниците на деловните објекти и секретарот на општина Струмица Александар Оџаков, претседателот на Општинската комисија за проценка на штети, Ацо Ѓоргиев и членот на истата комисија, Васил Крстев, информираат од Општина Струмица.

Како што стои во соопштението, сопствениците и корисниците беа детално информирани за спроведување на законската постапка за поднесување барање за финансиска помош од државата. Според единствената методологија за проценка на штети од елементарни и други непогоди, правните лица сами ја проценуваат штетата, формирајќи сопствена комисија. Пополнетите формулари ги доставуваат до Општинската комисија која како збирен извештај го доставува до Советот на општина Струмица и по неговото усвојување ќе биде доставен до Републичката комисија за проценка на штети, а ќе биде даден на разгледување и во Бирото за судски вештачења.

Од Општина Струмица велат дека им отстапува една просторија во општинската зграда на сопствениците и корисниците, каде што ќе можат заедно со членовите на Општинската комисија, точно и навреме да ги пополнат формуларите.

Проценката на штетите ќе се одвива на три нивоа и тоа, проценки на штети на објекти, на основни средства и на трговска стока.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

Јан 18, 2021 Маркетинг

Од денеска до сабота, 23 јануари во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, роденденска недела со ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче меб...

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Јан 17, 2021 Веб Билборд

Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за регистрација на бракови од март ќе биде Уметничка галерија

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за р…

Јан 13, 2021 Вести

Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се изврши на просторот под градскиот п...

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речи…

Јан 12, 2021 Вести

До изутрина количествата на воден талог за изминатите 24 часа на југоистокот надминуваа 40 л/м², а на повисоките планини има дополнителна снежна покри...

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Јан 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера околу 16:00 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во село Борисово, сопствено...

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан во градот Струмица

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан во градот Стр…

Јан 10, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан за продажба на гардероба во градот Струмица. Дуќанот да биде од минимум 60м². Понуди на телефон: 071/23...

Вечерва „онлајн“ концерт на солидарност кон оштетените во „Глобал“

Вечерва „онлајн“ концерт на солидарност кон оштетените во „Г…

Јан 10, 2021 Магазин

Струмичката гимназија „Јане Сандански“ од Струмица на почетокот од секоја нова година, заедно со некогашниот Младински совет го организираа традициона...

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Струмица – Радовиш

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Струмица – Радо…

Јан 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Радовиш, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин од 18:10 часот е нормализиран, информираат од АМ...