Противпожарната единица на Струмица со официјална информација за акцијата со пожарот во „Глобал“

Вторник, 05 Јануари 2021

Противпожарната единица на Струмица денеска со официјална информација за интервенцијата на пожарникарите во страотниот пожар што го зафати Трговскиот Центар „Глобал“ во центарот на Струмица.

„На ден 02.01.2021 година во 23:12 часот по дојава дека е запален делот за дотур на стока во ГТЦ „Глобал“ со влез од улицата „Васил Сурчев“, ТППЕ Струмица веднаш излезе на лице место со 1 ПП возило и 5 пожарникари спасители. На лице место е увидено дека речиси целото приземје е зафатено со голем пожар во разгорена фаза. Поставена е линија и веднаш е дејствувано од тој влез. Веднаш потоа е известен командирот на ТППЕ Струмица, кој наредува целосна мобилизација на ТППЕ Струмица и сите останати 31 пожарникари спасители ги напуштаат своите домови и се упатуваат кон базата. Во меѓувреме од базата тргнува уште едно ПП возило со останатите пожарникари спасители кои во тој момент се на должност (ноќна смена) и се поставува на влезот во ГТЦ „Глобал“ на улицата „4 Јули“, каде се кршаат стаклата на влезовите и почнува да се дејствува и од тој влез. Како што пристигнуваат другите пожарникари, се испраќат уште две возила кон главниот влез од улицата „Ленинова“, каде што почнува да се дејствува кон дел од дуќаните кои имаат излез од надворешната страна.

Командирот на ТППЕ Струмица, во меѓувреме го известува Градоначалникот на општина Струмица и се побарува помош од Противпожарните единици од Радовиш, Валандово, Кавадарци и Штип, како и од ЈПКД „Комуналец“. Сите одговараат позитивно на оваа барање и испраќаат свои возила и пожарникари спасители и тоа ׃

- ТППЕ Радовиш со 3 ПП возила и 5 пожарникари спасители,

- ТППЕ Валандово со 2ПП возила и 4 пожарникари спасители,

- ТППЕ Кавадарци со 2ПП возила и 8 пожарникари спасители,

- ТППЕ Штип со 1 ПП возило и 6 пожарникари спасители.

Пожарот во внатрешноста беснее со огромни размери, температурата се мери во стотици степени, видливоста е еднаква на нула, кислород во внатрешноста еднаков на нула. Секое вдишување на чад повеќе од 15 секунди предизвикува несвестица и подоцна смрт. Двајца пожарникари спасители кои во тој момент влегуваат во ГТЦ „Глобал“, почнуваат да чувствуваат слабост и нагон за повраќање. Од страна на екипи на Брзата помош им се укажува помош при што едниот од нив се препраќа кон болницата во Струмица и прима инфузија, додека другиот по негово барање се враќа на должност.

Во првите 30 минути од пожарот целата единица од Струмица веќе дејствува од сите три влезови. Успешно се спречува ширењето на пожарот кон вториот кат од надворешната страна со поставување на скали. Од влезот од улиците „Васил Сурчев“ и „Ленинова“ екипи на пожарникари спасители со специјални изолациони апарати за дишење влегуваат внатре во ГТЦ „Глобал“ и успеваат да го спречат ширењето на пожарот кон јужната страна, кон булевар „Маршал Тито“.

Екипа од пожарникари влегува во ГТЦ „Глобал“ од кај гаражите, барајќи ги хидрантите и се утврдува дека тие се неупотребливи, поради што сите ПП возила мораат да ротираат кон базата за полнење вода и се губи драгоцено време и енергија.

Една екипа со 4 пожарникари влегува од кај гаражите и се движи кон останатите катови, кадешто успешно го ликвидира пожарот кој има зафатено неколку дуќани на 1 и 2 кат, и тоа првично со ПП апарати, а потоа со линија од 9 црева кои беа донесени од ПП возило од улицата „Васил Сурчев“.

Во внатрешноста на ГТЦ Глобал паѓаат секакви метални материјали од кровот и терасите што во голема мера го забавува движењето на екипите кои во тој момент се таму. Во меѓувреме пристигнуваат и екипите од другите градови и активно се вклучуваат во гаснењето на пожарот од сите три локации.

Успешно е спречено опожаруваето на преостанатиот дел од приземјето и дуќаните, како и останатите катови. Во 03:50 часот пожарот е конечно локализиран и ликвидиран.

Изразуваме огромна благодарност кон сите пожарникари спасители кои учествуваа во гаснењето на пожарот, покажаа голема храброст, оставaјќи ги своите фамилии без сон таа ноќ. Изразуваме благодарност за поддршката од сите медиуми, граѓани и институции и голема жалост за сите кои претрпеа огромни штети“ – стои во соопштението на ТППЕ Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

Јан 18, 2021 Маркетинг

Од денеска до сабота, 23 јануари во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, роденденска недела со ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче меб...

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Јан 17, 2021 Веб Билборд

Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за регистрација на бракови од март ќе биде Уметничка галерија

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за р…

Јан 13, 2021 Вести

Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се изврши на просторот под градскиот п...

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речи…

Јан 12, 2021 Вести

До изутрина количествата на воден талог за изминатите 24 часа на југоистокот надминуваа 40 л/м², а на повисоките планини има дополнителна снежна покри...

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Јан 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера околу 16:00 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во село Борисово, сопствено...

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан во градот Струмица

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан во градот Стр…

Јан 10, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан за продажба на гардероба во градот Струмица. Дуќанот да биде од минимум 60м². Понуди на телефон: 071/23...

Вечерва „онлајн“ концерт на солидарност кон оштетените во „Глобал“

Вечерва „онлајн“ концерт на солидарност кон оштетените во „Г…

Јан 10, 2021 Магазин

Струмичката гимназија „Јане Сандански“ од Струмица на почетокот од секоја нова година, заедно со некогашниот Младински совет го организираа традициона...

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Струмица – Радовиш

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Струмица – Радо…

Јан 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Радовиш, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин од 18:10 часот е нормализиран, информираат од АМ...