Формирано координативно тело за справување со последиците од пожарот во трговскиот центар „Глобал“

Понеделник, 04 Јануари 2021

На иницијатива на градоначалникот на општина Струмица, формирано е координативно тело со цел брза и координирана акција за справување со последиците од пожарот што се случи во саботата во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.

Во координативното тело се вклучени претставници од релевантни општински и државни институции и претпријатија, како и претставник на Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап“.

Денеска се одржа првиот состанок на ова координативно тело на кое се донесени неколку заклучоци кои се однесуваат на справувањето со последиците од страотниот пожар во кој беа оштетени многу сопственици на објекти во трговскиот центар.

Како што соопштија од општина Струмица, ова се заклучоците донесени на првиот состанок:

- Денеска започна истражната постапка и по нејзиното завршување веднаш ќе се пристапи кон расчистување на опожарениот дел на трговскиот центар „Глобал“.

- Преку претставникот на Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап“, дадени се насоки до правните субјекти кои беа зафатени од пожарот, во меѓувреме да формираат стручна комисија за проценка на штетата, согласно единствената методологија за проценка на штети од елементарни и други непогоди.

- Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап“ ја презеде обврската за отворање посебна наменска сметка – фонд за солидарност.

- Направени се контакти со сите правни и физички лица кои самоиницијативно се пријавија за помош, но и фирми кои по наши проценки можат да придонесат за што побрзо расчистување на остатоците од големиот пожар.

Од општината велат дека ќе се направи сè што е во рамките на надлежностите и можностите на институциите за трговскиот центар „Глобал“ да се стави во функција.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

Јан 18, 2021 Маркетинг

Од денеска до сабота, 23 јануари во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, роденденска недела со ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче меб...

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Јан 17, 2021 Веб Билборд

Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за регистрација на бракови од март ќе биде Уметничка галерија

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за р…

Јан 13, 2021 Вести

Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се изврши на просторот под градскиот п...

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речи…

Јан 12, 2021 Вести

До изутрина количествата на воден талог за изминатите 24 часа на југоистокот надминуваа 40 л/м², а на повисоките планини има дополнителна снежна покри...

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Јан 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера околу 16:00 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во село Борисово, сопствено...

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан во градот Струмица

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан во градот Стр…

Јан 10, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан за продажба на гардероба во градот Струмица. Дуќанот да биде од минимум 60м². Понуди на телефон: 071/23...

Вечерва „онлајн“ концерт на солидарност кон оштетените во „Глобал“

Вечерва „онлајн“ концерт на солидарност кон оштетените во „Г…

Јан 10, 2021 Магазин

Струмичката гимназија „Јане Сандански“ од Струмица на почетокот од секоја нова година, заедно со некогашниот Младински совет го организираа традициона...

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Струмица – Радовиш

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Струмица – Радо…

Јан 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Радовиш, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин од 18:10 часот е нормализиран, информираат од АМ...