Тимови од истражители влегоа во „Глобал“, ќе се бараат докази за тоа како настанал пожарот

Понеделник, 04 Јануари 2021

Тимови од Основното Јавното обвинителство, Крим техника на МВР, СВР Струмица, вешти лица за пожари, експлозиви и за електрика, како и вешти лица од областа на градежништвото и архитектурата, денеска влегоа во опожарениот Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Ќе прибираат докази за да утврдат како настанал пожарот во овој грандиозен објект во центарот на Струмица.

Јавниот обвинител наредил за подигање на траги од лице место и нивно натамошно вештачење, како и за одземање на видео записи од камери поставени во трговскиот центар. Издадени се и наредби за вршење на оперативни проверки и прибирање на информации од лица кои имаат сознанија во врска со настанување на пожарот.

На сопствениците и корисниците на дуќани, канцеларии, тезги во овој објект не им е дозволен пристап се до завршувањето на увидот на самото место. „Глобал“ е целосно затворен, а улиците околу него се затворени за сообраќај.

Од Општина Струмица информираат дека по завршувањето на истражната постапка веднаш ќе се пристапи кон расчистување на опожарениот дел на Трговскиот центар „Глобал“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

Јан 18, 2021 Маркетинг

Од денеска до сабота, 23 јануари во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, роденденска недела со ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче меб...

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Јан 17, 2021 Веб Билборд

Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за регистрација на бракови од март ќе биде Уметничка галерија

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за р…

Јан 13, 2021 Вести

Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се изврши на просторот под градскиот п...

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речи…

Јан 12, 2021 Вести

До изутрина количествата на воден талог за изминатите 24 часа на југоистокот надминуваа 40 л/м², а на повисоките планини има дополнителна снежна покри...

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Јан 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера околу 16:00 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во село Борисово, сопствено...

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан во градот Струмица

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан во градот Стр…

Јан 10, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан за продажба на гардероба во градот Струмица. Дуќанот да биде од минимум 60м². Понуди на телефон: 071/23...

Вечерва „онлајн“ концерт на солидарност кон оштетените во „Глобал“

Вечерва „онлајн“ концерт на солидарност кон оштетените во „Г…

Јан 10, 2021 Магазин

Струмичката гимназија „Јане Сандански“ од Струмица на почетокот од секоја нова година, заедно со некогашниот Младински совет го организираа традициона...

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Струмица – Радовиш

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Струмица – Радо…

Јан 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Радовиш, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин од 18:10 часот е нормализиран, информираат од АМ...