Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска го посетија опожарениот трговски центар „Глобал“ во Струмица, кој синоќа 5 часа беше во пламен.
Премиерот Заев упати апел за солидарна акција со финансиско помагање со сите можни аспекти кои ни стојат на располагање, пред се како држава, Влада, секако како општина, но и како граѓани во духот на солидарноста. Вели дека е убеден оти многу брзо ќе го вратат „Глобал“ во нормала и сите граѓани кои имаат уништено имот ќе им го вратат во првобитната состојба.
„Добро е што нема повредени, нема изгубено човечки животи и тоа е најважно, се друго се надоместува“ – кажа Заев, кој упати благодарност до Територијалната противпожарна единица на Струмица која со шест возила и со 38 луѓе го гаснеше пожарот, но и до Противпожарните единици на Радовиш, Штип, Кавадарци и Валандово, кои пристигнаа на помош и учествуваа во гасењето на пожарот.
„Пожарникари не само од Струмица, туку и од околните градови, покажаа солидарност на дело и неуморно се бореа со пожарот. Изразувам длабока благодарност за нивната професионалност во справувањето со пожарот и оддавам длабок наклон за пожртвуваноста која ја покажаа до раните утрински часови, без откажување и без колебање сѐ до гасење на последниот пламен јазик“ – кажа премиерот Заев.
.
.
Јан 18, 2021 Маркетинг
Од денеска до сабота, 23 јануари во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, роденденска недела со ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче меб...
Јан 17, 2021 Веб Билборд
Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...
Јан 13, 2021 Вести
Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се изврши на просторот под градскиот п...
Јан 12, 2021 Вести
До изутрина количествата на воден талог за изминатите 24 часа на југоистокот надминуваа 40 л/м², а на повисоките планини има дополнителна снежна покри...
Јан 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера околу 16:00 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во село Борисово, сопствено...
Јан 10, 2021 Веб Билборд
Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан за продажба на гардероба во градот Струмица. Дуќанот да биде од минимум 60м². Понуди на телефон: 071/23...
Јан 10, 2021 Магазин
Струмичката гимназија „Јане Сандански“ од Струмица на почетокот од секоја нова година, заедно со некогашниот Младински совет го организираа традициона...
Јан 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Радовиш, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин од 18:10 часот е нормализиран, информираат од АМ...
Error: No articles to display