Почина струмичанецот Кирил Лазаров, еден од најплодните македонски композитори

Петок, 27 Ноември 2020

Денеска на 78 години почина Кирил Лазаров од Струмица, еден од најплодните композитори на македонски забавни и новосоздадени песни.

Кирил Лазаров е роден на 27 септември 1942 година во Струмица. Завршил Музичка академија во Белград. Беше професор во Музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица и негов директор од 1972 до 1980 година. Беше член на Здружението на естрадни уметници на Македонија. Автор е на книгата „Основи на музичката теорија“ (издадена 1993 година), како и на две Монографии за Музичкото училиште во Струмица.

Компонираше музика за театарски претстави: „Смеа низ сокаците“, „Трамвајот наречен желба“, „Смртта на Тарелкин“ и други претстави. Компонирал хорска музика и музички композиции со кои учествуваше на повеќе фестивали во земјава и странство.

Автор е на повеќе од 100 композиции, забавни и новосоздадени, меѓу кои и на познати евергрини, „Старо купувам“, „Една љубов во Струмица“, „Сокриј ме“, „Песна за армасаните“, „Писмо судено“, „Барам место на естрада“, „Помниш ли ги двата бреста“ и многу други. На поголем дел од неговите композиции свои авторски текстови напишале неговите најблиски соработници - текстописци, Натка Анчева и Ѓорги Калајџиев.

Кирил Лазаров е добитник на повеќе награди на музички фестивали. Прво место за најдобра чекорница, Прва награда и статуетка „Пиринка“ на „Пирин Фолк фест“ во Сандански, Бугарија, Орден на трудот со сребрен венец, Златна плакета од Здружението на естрадни уметници на Македонија и други награди и признанија.

Погребот со останките во вечното почивалиште на композиторот Кирил Лазаров ќе биде извршено утре на Градските гробишта во Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исп…

Јан 20, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Јан 20, 2021 Вести

Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2021 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал“ во Струмица

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на…

Јан 19, 2021 Вести

На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во домашни услови

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во д…

Јан 19, 2021 Веб Билборд

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2021 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

Јан 18, 2021 Маркетинг

Од денеска до сабота, 23 јануари во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, роденденска недела со ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче меб...

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Јан 17, 2021 Веб Билборд

Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...