Жената под маска на плоштадот во Струмица светна во портокалова боја, како аларм за подигање на свеста за родово базирано насилство

Четврток, 26 Ноември 2020

Струмица дел од акцијата „16 дена активизам против семејното насилство и насилството врз жените и децата“. Споменикот „Жена под маска“ на струмичкиот плоштад светна во портокалова боја. Активистите од таму ја испратија пораката дека маските на насилниците треба да се симнат и со тоа се стави крај на насилството врз жените.

Додека траат активностите, споменикот ќе биде осветлен во портокалова боја, како аларм за подигање на свеста за овој проблем со кој се соочува модерното општество.

Дека е потребно подигање на свеста за родово базираното насилство потврдуваат и од Шелтер центарот во Струмица. За помалку од една година колку што функционира, над дваесеттина жени во континуитет биле згрижувани. Некои од нив по неколку денови, а некои и со месеци. Најголемиот број од случаите биле регистрирани во периодите кога беа рестриктивните мерки и ограничувањето на движењето поради пандемијата со коронавирусот.

Во рамки на 16-те дена активизам ќе бидат реализирани серија настани кои имаат единствена цел, подигање на свеста кај граѓаните за сериозноста на проблемот со родово базираното насилство. Во активностите покрај локалната самоуправа вклучени се и повеќе граѓански организации и волонтери. Дел од програмата ќе биде и меѓународна конференција.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исп…

Јан 20, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Јан 20, 2021 Вести

Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2021 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал“ во Струмица

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на…

Јан 19, 2021 Вести

На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во домашни услови

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во д…

Јан 19, 2021 Веб Билборд

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2021 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

Јан 18, 2021 Маркетинг

Од денеска до сабота, 23 јануари во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, роденденска недела со ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче меб...

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Јан 17, 2021 Веб Билборд

Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...