Општина Струмица ќе добие грант за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Среда, 18 Ноември 2020

Струмица е меѓу десетте општини кои денеска потпишаа договор со Министерството за труд и социјална политика за грант за развој на социјални услуги од вкупно 24-те општини кои ги исполниле условите за добивање грант.

Проектот предвидува развој на помош и нега за стари лица во домот, помош за лица со попреченост, отворање дневни центри за стари лица и за лица со попречености, како и поддржано живеење.

„Се работи за воспоставување социјални услуги на локално ниво таму каде живеат корисниците. Ова говори дека Владата и Министерството заедно со општините, но и со невладиниот сектор се вклучуваат во имплементација на социјалната реформа со една единствена цел услугите да ги доближиме до корисниците во нивната природна животна средина“ - кажа министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по потпишувањето на договорите.

МТСП, појасни таа, објави повик на кој 24 општини ги исполнија условите со поднесените апликации и со нив се воспоставува првична соработка.

„Со потпишувањето на овие договори општините имаат обврска во рок од пет месеци преку општинските координатори, обука и едукација на даватели на услуги, да овозможат од 1 април да почнат граѓаните да ги добиваат овие услуги во домовите на стари и изнемоштени лица, во домовите за лица со попреченост, како и во дневните центри“ - кажа Шахпаска, додавајќи дека ова е серизиозен исчекор и во друг правец, во намалување на невработеноста, особено на тешко вработливите категории граѓани, кои можат да бидат ангажирни во нивната локална средина преку вклучување во овие сервиси.

Министерството за труд и социјална политика претходно првите договори ги потпиша со седум општини, меѓу кои и општините од струмичкиот регион, Ново Село и Василево.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Директен судир помеѓу автомобил и запрежно возило, повредени две лица

Директен судир помеѓу автомобил и запрежно возило, повредени…

Ное 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две лица се повредени во сообраќајка која се случи денеска околу 11:00 часот во близина на селото Баница, на регионалниот пат Струмица – Баница - Вељу...

Утре неколку компании на излезот од Струмица кон Дабиље ќе бидат три часа без електрична енергија

Утре неколку компании на излезот од Струмица кон Дабиље ќе б…

Ное 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 26 ноември) од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците во к...

„Black Weekend“ во „РАЗНОПРОМЕТ АС“

„Black Weekend“ во „РАЗНОПРОМЕТ АС“

Ное 26, 2020 Маркетинг

Во петок и сабота (27 и 28 ноември), во Продажниот салон на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – „Black Weekend“... Големо намалување на 40.000 артикли распостранети на...

Црвениот крст постави шатори пред Инфективното одделение во Струмица

Црвениот крст постави шатори пред Инфективното одделение во …

Ное 25, 2020 Вести

Општинската организација на Црвен крст во Струмица, заедно со Дирекцијата за заштита и спасување, поставија два шатори пред Инфективното одделение на ...

Струмица денеска со 34 нови случаи на ковид-19, еден струмичанец починал, 19 оздравени пациенти

Струмица денеска со 34 нови случаи на ковид-19, еден струмич…

Ное 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во Македонија се регистрирани 1288 нови случаи со ковид-19 од направените 3349 тестирања. Во Струмица 34 но...

Утре шест часа без електрична енергија ќе бидат населените места Смолари, Старо Коњарево и Дражево

Утре шест часа без електрична енергија ќе бидат населените м…

Ное 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информира дека утре (четврток, 26 ноември), од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат: Смолари, Рест...

Жан Дрвошанов е новиот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Жан Дрвошанов е новиот претседател на Општинскиот комитет на…

Ное 25, 2020 Вести

Жан Дрвошанов во наредниот мандат ќе го води Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Вака одлучил синоќа Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој д...

Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии

Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии

Ное 25, 2020 Вести

Владата го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдо...