Епидемијата со КОВИД вирусот само ја извади на виделина епидемијата од неспособност, кажаа на денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ

Среда, 18 Ноември 2020

„Состојбата во Општа болница е очајна поради се поголемиот број пациенти и лошото менаџирање на здравствениот систем од страна на здравствените власти“, кажа на денешната прес конференција пред старата струмичка болница, Христијан Велков од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

Ја нема монтажната болница за која со месеци повикуваме, нема доволно лекови и персонал, а новото болничко крило не се отвори реално. Дополнително ниту Општина Струмица не презема посебни мерки за реално да помогне.

Ете затоа состојбите во Струмица и во Македонија се надвор од контрола.

На граѓаните на Струмица не им треба милост од Заев, изнудена од паничното барање за донации од страна на директорот на општата болницата.

Наместо лош ПИ-ар со едно болничко возило во време на епидемија од која секој ден заболуваат и умираат наши сограѓани, потребни се конкретни мерки. Неодговорноста на власта се плаќа многу скапо. Дека се работи за неодговорна власт говори и фактот што го одбија амандманот на ребалансот, предложен од ВМРО-ДПМНЕ со кој се предвидуваше набавка на амбулантни возила за струмичката болница. Ако ги прифаќаат нашите добронамерни предлози, тогаш нема да има потреба здравството да моли за донации.

Епидемијата со КОВИД вирусот само ја извади на виделина епидемијата од неспособност на оваа власт на секое поле.

Здравството е на колена, децата немаат основни средства за да следат онлајн настава, секој ден затвораат фирми а граѓаните остануваат без работа, дишеме загаден воздух поради немањето на филтри на оџаците токму на институциите под централна и локална власт. Овие проблеми не се решаваат со донации и панични ПИ-ар потези. Потребна е работа, а ако тие тоа не знаат да го направат тогаш треба да си понесат одговорност.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

Мај 14, 2021 Веб Билборд

Ново во Струмица! Струмица наскоро ќе го добие The Public Bar & Coffee, кој се наоѓа во срцето на градот на самиот плоштад. The Public вработува ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празнико…

Мај 13, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до своите сограѓани од исламска вероисповед. П...

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мај 13, 2021 Магазин

Муслиманите во Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и п...

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележувајќи го патрониот празник

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележува…

Мај 12, 2021 Вести

Општинското основно училиште „Сандо Масев“ од Струмица, денеска го одбележа својот патрон - 79 години од убиството на Сандо Масев. Претставници на Одд...

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Јаневски веднаш да престанат да ги користат училиштата и институциите за сопствена политичка промоција

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Јаневски веднаш да престанат да ги ко…

Мај 12, 2021 Вести

„Најнеуспешната министерка за образование, Мила Царовска и градоначалникот на Струмица со најнизок рејтинг, Коста Јаневски веднаш да престанат да ги к...

Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ каде го промовираше дуалното образование

Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола К…

Мај 12, 2021 Вести

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска беше во посета на двете стручни училишта во Струмица, СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Димитар Вла...

Заврши реализацијата на проектот - Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери

Заврши реализацијата на проектот - Замена и инсталација на к…

Мај 12, 2021 Вести

Со извршениот технички прием заврши реализацијата на проектот „Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери со надоградба на опрема за далечинск...

Нов производ на Млекара „ЈОКА“ – GHEE пречистен путер

Нов производ на Млекара „ЈОКА“ – GHEE пречистен путер

Мај 12, 2021 Магазин

GHEE е новиот производ на Млекара „ЈОКА“ од Струмица, кој претставува висококвалитетен пречистен путер. Овој прехранбен продукт е добиен од сепарирана...