Пратеничката Ели Панова му одговори на Костадинов: Критиките беа и се наменети за Филипче

Вторник, 17 Ноември 2020

По вчерашната реакција на пратеникот Костадин Костадинов од Струмица на прес конференцијата на пратеничката Ели Панова од Струмица, Панова со одговор на реакцијата до Костадинов.

Менување на тема и дефокус од реалните проблеми е позната ПиАр алатка.

Во ден кога имавме 40 починати лица, јасно е дека ѓаволот ја однел шегата.

Може да зборуваме за ланскиот снег, за тоа кој работел лошо во минатото, кој што сработил, кој што НЕ сработил, да се фалиме со документи, слики, и да глумиме дека условите во државното здравство се одлични, па министерот има денови за релакс и за сликање...Ама факт е дека ситуацијата во Македонија со Ковид е повеќе од сериозна.

КРИТИКИТЕ БЕА И СЕ НАМЕНЕТИ КОН ФИЛИПЧЕ!

Почитуван колега Костадин, за мене здравствените работници од секогаш биле херои, а ти ако сакаш можеш веднаш да му организираш "АПЛАУЗ" за убаво поминатиот ден на Министерот Филипче во Струмица, додека медицинскиот персонал работи без престан со денови.

Да, министерот имаше убав ден со сликање, гушкање, убав дочек на возилото што приватно се донирало, ручек во познат ресторант, тапшање по рамо дека одлично е се,... убавини

Но сами сте свесни дека пациенти се борат за кислород, телефоните Ви ѕвонат за кревет повеќе на инфективно, медицинскиот персонал Ве моли за помош бидејки се малку, дека немаат замена, а луѓе умираат...

Секој ден има по ново лично сведоштво дека ништо не е под контрола и дека луѓе умираат поради пропусти на здравствениот систем кои не сакате да ги признаете.

Нема да одговарам што се е направено во времето на ВМРО-ДПМНЕ во здравството, за жал, истиот тандем владее веќе 8 години со Здравствениот систем во Македонија.

"Крикот" за помош на Директорот моравте помпезно да го покривате, Ви го наруши спокојот и сега сите Ви се криви!

Почитуван колега Костадин, доколку имаше емпатија за Струмичани, зошто не го подржа нашиот амандман за набавка на болнички комбиња, и не ги убеди твоите колеги да гласаат за ?

Па заедно да излеземе и да кажеме дека направивте нешто за овие неполни 4 години за Струмица?

Доколку толку се залагаш за нашата Струмица и за подобрување на здравствените услови на нашите сограѓани еве тука јавно те повикувам да ги подржиш моите амандмани кои ќе ги поднесам во Буџетот 2021 година.

Туку колега како искусен пратеник, гледам одма одговараш на секој мој прес во Струмица, па сега кога веќе ја превзема улогата и на личен портпарол на Филипче, можеш да ми одговориш на веќе поставените прашања:

  1. Колку пациенти до денес починале во јавни здравствени установи, а колку во приватни?
  2. Зошто терапијата што функционира и вродува со плод во приватните болници, не се применува и во државното здравство?
  3. Колку денови се чека за термин за некој да се тестира се разбира при тоа да не е функционер на СДС?
  4. На крај колега Костадинов ,за овие неполни 4 години кои проекти од Вашите програми ги имате отпочнато и завршено за Струмица?

Млад човек си колега, еден добронамерен совет: сами никогаш не треба да се фалиме за добрите дела, оставаме времето, луѓето и успесите да зборуваат за нас!

Ниту една функција не е вечна колега, секој да ја работи својата работа, и најбитно, да направиме нешто што ќе остане

( П.С., а сега добро би било за граѓаните да ги дадете овие одговори!)

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утре неколку компании на излезот од Струмица кон Дабиље ќе бидат три часа без електрична енергија

Утре неколку компании на излезот од Струмица кон Дабиље ќе б…

Ное 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 26 ноември) од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците во к...

„Black Weekend“ во „РАЗНОПРОМЕТ АС“

„Black Weekend“ во „РАЗНОПРОМЕТ АС“

Ное 26, 2020 Маркетинг

Во петок и сабота (27 и 28 ноември), во Продажниот салон на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – „Black Weekend“... Големо намалување на 40.000 артикли распостранети на...

Црвениот крст постави шатори пред Инфективното одделение во Струмица

Црвениот крст постави шатори пред Инфективното одделение во …

Ное 25, 2020 Вести

Општинската организација на Црвен крст во Струмица, заедно со Дирекцијата за заштита и спасување, поставија два шатори пред Инфективното одделение на ...

Струмица денеска со 34 нови случаи на ковид-19, еден струмичанец починал, 19 оздравени пациенти

Струмица денеска со 34 нови случаи на ковид-19, еден струмич…

Ное 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во Македонија се регистрирани 1288 нови случаи со ковид-19 од направените 3349 тестирања. Во Струмица 34 но...

Утре шест часа без електрична енергија ќе бидат населените места Смолари, Старо Коњарево и Дражево

Утре шест часа без електрична енергија ќе бидат населените м…

Ное 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информира дека утре (четврток, 26 ноември), од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат: Смолари, Рест...

Жан Дрвошанов е новиот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Жан Дрвошанов е новиот претседател на Општинскиот комитет на…

Ное 25, 2020 Вести

Жан Дрвошанов во наредниот мандат ќе го води Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Вака одлучил синоќа Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој д...

Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии

Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии

Ное 25, 2020 Вести

Владата го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдо...

Градоначалникот Коста Јаневски на прес конференција говореше за сработеното во изминатите три години од неговиот мандат

Градоначалникот Коста Јаневски на прес конференција говореше…

Ное 24, 2020 Вести

„Општина Струмица финасиски е стабилна, развојно ориентирана и економски просперитетна“, кажа градоначалникот Коста Јаневски на денешната прес конфере...