Испечатете ја страната

Пратеникот Костадинов реагираше на прес конференцијата на пратеничката Панова и обвинувањата пред Итната медицинска помош

Понеделник, 16 Ноември 2020

Пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов, со реакција по денешната прес конференција на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова и обвинувањата за катастрофалната состојба на објектот и условите во Итната медицинска помош во Струмица.

„Да се занимаваш со политика е нешто повеќе од само голо напаѓање на противникот без да се има елементарно познавање за нештата за кои зборуваш.

Имено, токму тоа го направи денес колешката од ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, почитуваната Ели. Без трошка емпатија кон здравствените работници, излезе да критикува.

Порано мислев дека е само гол послушник на деструктивните политики на Мицкоски, но сега добивам впечаток дека е силен застапник.

За жал мораме да констатираме дека Ели навистина верува во лагите на Мицкоски, Вело Марковски и останатата екипа.

Жално за нејзе...

Која е вистината, која би требало како претставник на граѓаните почитуваната колешка Ели да ја знае, во спротивно ќе заклучиме дека пратеничката не доволно ја следи работата на институциите што впрочем е и една од нејзините обврски, ама нејсе.

  1. Почитувана Ели, дали знаеш твоето ВМРО-ДПМНЕ колкав долг остави во институцијата пред која денес држеше прес конференција? Веројатно не знаеш.

Во текот на владеењето на ДПМНЕ долгот бил 105.000 евра. Вистината е дека сега долгот е 0 денари, благодарение на заложбите и трудот на директорката Љубица Митева.

  1. Драга колешке Ели, за мене здравствените работници беа херои и пред кризата, не само сега. Дали знаеш колку тимови работеле во ИМП за време на владеењето на ДПМНЕ? И тоа не знаеш сигурно!

5 тимови деноноќно работеле во ИМП, а ниту ти ниту останатите твои сопартијци не смогнавте храброст да побарате проширување, зголемување на тие тимови, се со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните.

Сега, за 4 години од превземањето на Владата од страна на СДСМ, Итната медицинска помош располага со 10 тимови на лекари, спремни да излезат во пресрет на граѓаните!

  1. Верувала ти или не 50 години не биле променети вратите во зградата на ИМП, 50 години не било реновиран тоалетот во истата зграда.

Срамота, да не ви текне барем за момент, за банална работа да извадите пари од вашиот џеб, а да санирате нешто што е елементарна потреба на граѓаните.

  1. Драга Ели, секој кој поминал низ тие порти, а еден од таквите сум и јас, за време на вашето владеење сами си купувавме терапија од аптеките, оти и за тоа не мислевте вие, заборавивте за кого постоите...

За волја на вистината и тоа е решено, за 100% е зголемена квотата за ампуларна терапија во ИМП, за да поретко се случува пациентите сами да си ја купуваат и тоа е благодарение на актуелната директорка.

  1. Поднесено е барање преку Центарот за развој на југоисточен плански регион до Јапонската амбасада за реновирање на цела служба на ИМП, тоа вреди да го знаеш.

Почитувана колешке Ели, политиката е комплексна професија, бара многу ангажман, многу следење на активности на процеси, бара пожртвуваност, многу ноќи непроспиени, за да еден човек се смета себе за политичар.

Прес конференцијата е само знак за непознавањето на нештата.

За моите струмичани, за оние кои ме познаваат, кои комуницираат со мене, а ги има многу, знаат за мојата заложба, за моите искрени намери за континуирано подобрување на условите за живот за сите.

Немој да брзаш Ели, тоа ќе те однесе на еден друг пат од кое ќе биде тешко да се вратиш назад, патот на деструкцијата, патот на лагите не е она за што граѓаните не гласале.

Моја Струмицо, такви како Ели сме гледале многу, веројатно и во иднина ќе гледаме, но наше е да опстоиме, да се бориме, да бидеме гласни за потребите, за предизвиците. Оти само така ќе не биде“ – стои во денешната реакција на пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ на прес конференцијата на пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал“ во Струмица

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на…

Јан 19, 2021 Вести

На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во домашни услови

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во д…

Јан 19, 2021 Веб Билборд

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2021 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

Јан 18, 2021 Маркетинг

Од денеска до сабота, 23 јануари во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, роденденска недела со ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче меб...

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Јан 17, 2021 Веб Билборд

Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за регистрација на бракови од март ќе биде Уметничка галерија

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за р…

Јан 13, 2021 Вести

Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се изврши на просторот под градскиот п...

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речи…

Јан 12, 2021 Вести

До изутрина количествата на воден талог за изминатите 24 часа на југоистокот надминуваа 40 л/м², а на повисоките планини има дополнителна снежна покри...

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Јан 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера околу 16:00 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во село Борисово, сопствено...