Пратеничката Панова го повика министерот Филипче да го посети објектот на Итната медицинска помош во Струмица

Понеделник, 16 Ноември 2020

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, Ели Панова го повика министерот за здравство, Венко Филипче да го посети објектот на Итната медицинска помош во Струмица и да ги види катастрофалните услови во кои се пружа прва помош на граѓаните.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Владата и Филипче немаат никаква контрола врз здравствената криза во Македонија.

Македонија е меѓу првите пет земји во Европа по смртноста од Ковид-19, а вчерашниот ден Филипче и Заев го потрошија на сликање, пред комбе од приватна донација.

Секоја донација секогаш е добредојдена, но кога се наоколу е хаос, тогаш недозволив е ПиАр.

Го повикувам министерот за здравство Филипче, да го посети овој објект на Прва помош во Струмица за да се видат катастрофалните услови во кои се пружи прва помош. Чиста руина. Да го направи тоа со медиуми и да каже што ќе направи.

Ова сликањето вчера и трошење цел ден додека луѓе умираат, беше само Пр-стратегија, бидејќи оваа донација никогаш немаше да се случи ако директорот панично не побараше помош од граѓаните. Уште полицемерно е тоа што во ребалансот ни го одбивте амандманот да се набават амбулантни возила за Струмица.

Инаку, болнички возила недостасуваат низ цела Македонија, затоа што четири години не купивте ниту едно ново болничко возило.

Почитувани, бидејќи Филипче престана со секојдневните прес конференции, треба да одговори до кога пациентите во јавното здравство ќе имаат различен третман со оние се лекуваат во приватните болници.

Нека одговори колку пациенти до денес починале во јавни здравствени установи, а колку во приватни? Треба ли само богатите да имаат можност да преживеат?

Во Македонија на големо пациентите купуваат лекови на своја рака. Се снаоѓаат.

Власта се уште не кажува зошто терапијата што функционира и вродува со плод во приватните болници, не се применува и во државното здравство?

Голем проблем е и бројот на тестови. Апелирам драстично да се зголеми тестирањето. Не смее тоа да е луксуз и повторно само оние кои можат да издвојат 4.000 денари да може да се тестират.

Министер Филипче колку денови се чека за термин за некој да се тестира се разбира при тоа да не е функционер на СДС.

Се носеа измени на Законот за здравствена заштита и тоа за мерки наменети за дисциплина на граѓаните, но она што е неопходно е и итно носење на измена која ќе се овозможи под еднакви услови на секој кој што има потреба, да му се овозможи тест, и тоа истиот ден.

Бидејки повеќе не очекуваме ниту Ваша реакција, ниту одговори, чекаме оставка.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Директен судир помеѓу автомобил и запрежно возило, повредени две лица

Директен судир помеѓу автомобил и запрежно возило, повредени…

Ное 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две лица се повредени во сообраќајка која се случи денеска околу 11:00 часот во близина на селото Баница, на регионалниот пат Струмица – Баница - Вељу...

Утре неколку компании на излезот од Струмица кон Дабиље ќе бидат три часа без електрична енергија

Утре неколку компании на излезот од Струмица кон Дабиље ќе б…

Ное 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 26 ноември) од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците во к...

„Black Weekend“ во „РАЗНОПРОМЕТ АС“

„Black Weekend“ во „РАЗНОПРОМЕТ АС“

Ное 26, 2020 Маркетинг

Во петок и сабота (27 и 28 ноември), во Продажниот салон на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – „Black Weekend“... Големо намалување на 40.000 артикли распостранети на...

Црвениот крст постави шатори пред Инфективното одделение во Струмица

Црвениот крст постави шатори пред Инфективното одделение во …

Ное 25, 2020 Вести

Општинската организација на Црвен крст во Струмица, заедно со Дирекцијата за заштита и спасување, поставија два шатори пред Инфективното одделение на ...

Струмица денеска со 34 нови случаи на ковид-19, еден струмичанец починал, 19 оздравени пациенти

Струмица денеска со 34 нови случаи на ковид-19, еден струмич…

Ное 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во Македонија се регистрирани 1288 нови случаи со ковид-19 од направените 3349 тестирања. Во Струмица 34 но...

Утре шест часа без електрична енергија ќе бидат населените места Смолари, Старо Коњарево и Дражево

Утре шест часа без електрична енергија ќе бидат населените м…

Ное 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информира дека утре (четврток, 26 ноември), од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат: Смолари, Рест...

Жан Дрвошанов е новиот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Жан Дрвошанов е новиот претседател на Општинскиот комитет на…

Ное 25, 2020 Вести

Жан Дрвошанов во наредниот мандат ќе го води Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Вака одлучил синоќа Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој д...

Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии

Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии

Ное 25, 2020 Вести

Владата го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдо...