Испечатете ја страната

Семејството на премиерот Заев донира амбулантно возило на болницата во Струмица

Недела, 15 Ноември 2020

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, денеска беа во работна посета на ЈЗУ Општа болница во Струмица.

За време на посетата заедно со директорот на болницата д-р Наќе Гогов, извршија увид на новото крило на болницата кое е опремено и наскоро ќе може да почне со работа.

Како што истакна премиерот Заев, новото крило на струмичката болница ќе се докомплетира со средствата од Светска Банка, наменети за оваа и за болниците во Тетово и Охрид.

Во рамките на посетата, премиерот Заев реализираше донација од своето семејство - амбулантно возило.

„Ова е време кога секој треба да  помага како и колку може. Семејството Заеви и јас како струмичанец веќе дониравме опрема за потребите на оваа болница, а денес донираме и амбулантно возило. Се надевам дека ќе им треба на што помалку луѓе, но тогаш кога ќе треба да носи здравје и среќа. Новото крило на болницата сега ќе биде ставено во функција на борбата со КОВИД-19“ - кажа премиерот Заев.

Министерот Филипче се осврна на важноста од инвестирањето во оваа болница како центар за лекување во целиот струмички регион.

„Струмичката болница ја завршивме после повеќе од 30 години, сега таа почна да се опремува, еве дел и со донации. Ќе продолжиме и во текот на следната година кога ќе биде целосно опремена со кредитот од Светската банка, кој долго време го чекавме. Можеше да биде и порано на располагање за граѓаните ако не беше многу непринципиелна блокада од страна на опозицијата“ - кажа Филипче.

Директорот д-р Гогов се заблагодари за донацијата, подвлекувајќи дека амбулантното возило е тоа што е најпотребно за болницата во моментов.

„Возилото е целосно опремено и ќе одговори на потребите на граѓаните и на медицинскиот персонал за да се чувствуваат безбедно при транспортот“ - заклучи д-р Гогов.

На настанот уште еднаш се апелираше да се почитуваат мерките, да се носи маска, да се држи дистанца и редовно да се одржува лична хигиена.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал“ во Струмица

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на…

Јан 19, 2021 Вести

На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во домашни услови

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во д…

Јан 19, 2021 Веб Билборд

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2021 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ во Продажниот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“

Јан 18, 2021 Маркетинг

Од денеска до сабота, 23 јануари во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, роденденска недела со ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче меб...

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Јан 17, 2021 Веб Билборд

Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за регистрација на бракови од март ќе биде Уметничка галерија

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за р…

Јан 13, 2021 Вести

Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се изврши на просторот под градскиот п...

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речи…

Јан 12, 2021 Вести

До изутрина количествата на воден талог за изминатите 24 часа на југоистокот надминуваа 40 л/м², а на повисоките планини има дополнителна снежна покри...

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Јан 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера околу 16:00 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во село Борисово, сопствено...