Премиерот Зоран Заев, утре ќе реализира лична донација - амбулантно возило за потребите на болницата во Струмица.
Тој и министерот за здравство, Венко Филипче, ќе имаат работна средба со директорот на ЈЗУ „Општа болница“ Струмица, д-р Наќе Гогов.
Гогов при крајот на октомври бараше донации и алармираше дека болницата нема доволно возила. По низа критики, тој го повлече статусот од Фејсбук, но по ова се огласи премиерот Заев и вети донација.
Струмичката болница ќе добие донација, односно финансиска помош и од општината Струмица. Струмичките советници деновиве на предлог на градоначалникот Коста Јаневски, 1 милион денари од планираните средства за Новогодишно украсување на градот ги пренамени за помош на струмичката општа болница за справување со ковид-19.