Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести – задолжително носење маска и на отворено

Среда, 28 Октомври 2020

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.

Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично, при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично).

Оваа мерка нема да важи:

  • при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
  • при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кој/кои што живее во заедница;
  • при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со кој/кои што заедно живеат во заедница;
  • при седење во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
  • ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место;
  • ако лицето е помладо од 6-годишна возраст (дете); и
  • ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.

За неносење маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.

Законот ja регулира и самоизолацијата, односно таа е задолжителна при тестирање за коронавирус КОВИД-19 од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува доколку резултатот е позитивен.

Забрана за групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено), во одредени периоди од деноноќието и други мерки утврдени со закон.

Мерките траат додека постои опасност од ширење на епидемија.

Владата на предлог на Министерството за здравство одлучува кои од мерките ќе се применат, случаите во кои ќе се применат и за кој временски период.

За прекршителите на членот од Законот кој ја регулира самоизолација предвидена е казна од 50 евра, а тие што ќе се групираат на отворено ќе платат казна од 500 евра.

Законот го регулира и лекувањето на лицата заболени од КОВИД-19. Освен лекување во јавните здравствени установи, по медицински индикации болните можат да се лекуваат и изолираат и во приватни здравствени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија или во домашни услови, доколку за тоа постојат услови. Приватните здравствени установи за да лекуваат пациенти од КОВИД-19 треба да имаат согласност од Министерството за здравство дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија. Доколку во ЈЗУ се исполнети капацитетите за лекување на болни од КОВИД-19, по претходно дадена согласност од Министерството за здравство, лекувањето на лицата може да се врши и во приватни здравствени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Директен судир помеѓу автомобил и запрежно возило, повредени две лица

Директен судир помеѓу автомобил и запрежно возило, повредени…

Ное 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две лица се повредени во сообраќајка која се случи денеска околу 11:00 часот во близина на селото Баница, на регионалниот пат Струмица – Баница - Вељу...

Утре неколку компании на излезот од Струмица кон Дабиље ќе бидат три часа без електрична енергија

Утре неколку компании на излезот од Струмица кон Дабиље ќе б…

Ное 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 26 ноември) од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците во к...

„Black Weekend“ во „РАЗНОПРОМЕТ АС“

„Black Weekend“ во „РАЗНОПРОМЕТ АС“

Ное 26, 2020 Маркетинг

Во петок и сабота (27 и 28 ноември), во Продажниот салон на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – „Black Weekend“... Големо намалување на 40.000 артикли распостранети на...

Црвениот крст постави шатори пред Инфективното одделение во Струмица

Црвениот крст постави шатори пред Инфективното одделение во …

Ное 25, 2020 Вести

Општинската организација на Црвен крст во Струмица, заедно со Дирекцијата за заштита и спасување, поставија два шатори пред Инфективното одделение на ...

Струмица денеска со 34 нови случаи на ковид-19, еден струмичанец починал, 19 оздравени пациенти

Струмица денеска со 34 нови случаи на ковид-19, еден струмич…

Ное 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во Македонија се регистрирани 1288 нови случаи со ковид-19 од направените 3349 тестирања. Во Струмица 34 но...

Утре шест часа без електрична енергија ќе бидат населените места Смолари, Старо Коњарево и Дражево

Утре шест часа без електрична енергија ќе бидат населените м…

Ное 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информира дека утре (четврток, 26 ноември), од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат: Смолари, Рест...

Жан Дрвошанов е новиот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Жан Дрвошанов е новиот претседател на Општинскиот комитет на…

Ное 25, 2020 Вести

Жан Дрвошанов во наредниот мандат ќе го води Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Вака одлучил синоќа Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој д...

Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии

Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии

Ное 25, 2020 Вести

Владата го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдо...