Обраќање на премиерот Зоран Заев по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата

Сабота, 17 Октомври 2020

„Сиромаштијата е една од најтешките состојби за било кое општество. Вие граѓаните најдобро знаете дека не само зборот, туку и делата за искоренување на сиромаштијата се нашиот секојдневен мотив.

И не само на Светскиот ден на борбата против сиромаштијата, туку секој ден. И не само заради социјалдемократските вредности, туку заради човечноста.

Делата во изминативе години ги насочивме кон подигнување на животниот стадард и намалување на трошоците за граѓаните а со тоа и стапката на сиромаштијата.

Минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари, односно дури за 5.500 денари повеќе од минимумот кој дотогаш го примаа текстилците, кожарите, чевларите за својот тежок труд.

Социјалната реформа направи пресврт во начинот на кој државата се грижи за социјално-ранливите, и го подобри животот на околу 300.000 граѓани. Социјалната помош се зголеми и до 300 отсто. За три пати е зголемен опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток. Денес над 22 илјади дечиња ги користат детските мерки со што ги извлекуваме од синџирот на детската сиромаштија.

Државата не ги заборави и не ги остави на цедило и стечајците, за кои обезбедивме месечен надоместок, исто како што обезбедивме државна пензија за оние кои не ги исполнуваа условите за редовна пензија.

Тоа се дела кои докажуваат дека се грижиме за сите.

Низ укинување на радиодифузната такса, воведување на евтина дневна тарифа на струјата, намалување на сметките за парно, а некаде и намалување на цената на водата за пиење, влијаеме врз домашните заштеди кои се одразуваат во сиромаштијата.

Драги граѓани. Посветен сум на трајно извлекување од сиромаштија на што е можно поголем број семејства. Заедно со целиот владин тим работиме на тоа. Тоа го забележувате и во борбата со кризата предизвикана од корона вирусот.

Нашето внимание е целосно насочено кон зачувување на работните места, и кон поддршка за социјално ранливите како што се стечајците, пензионерите и невработените.

Платежни картички со износ од 6.000 денари добиваат самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари и невработените. Тоа се над 85.000 семејства кои ќе си обезедат домашни потреби.

Во кризата се познава грижата, а ние не дозволуваме никој да остане незгрижен. Борбата со сиромаштијата е заедничка, и заедно ќе ја водиме, се додека не обезбедиме подобар живот за сите“ – рече во своето обраќање премиерот Зоран Заев, по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„СТРУМА МЕБЕЛ“ има потреба од работници

„СТРУМА МЕБЕЛ“ има потреба од работници

Окт 30, 2020 Веб Билборд

Компанијата „СТРУМА МЕБЕЛ“ од Струмица има потреба од општи работници. Пријавување и подетални информации директно во компанијата која се наоѓа во Инд...

Во понеделник центарот на градот Струмица ќе остане без електрична енергија

Во понеделник центарот на градот Струмица ќе остане без елек…

Окт 30, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека во понеделник (2 ноември), од 14:00 до 18:00 часот без електрична енергија ќе биде централното градс...

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше пред општинската зграда за загадениот воздух во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше пред општинската зграда за з…

Окт 29, 2020 Вести

Вечерва пред зградата на Општина Струмица симпатизери и членови на струмичкото ВМРО-ДПМНЕ го изразија својот револт од загадениот воздух во Струмица. ...

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 27 новозаразени, 14 оздравени пациенти

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 27 новозаразени, 14 озд…

Окт 29, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2699 тестирања, регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19. Во Струмица 27 новозаразени. Починале 14 пациенти, д...

Ажурирани протоколите за заштита од КОВИД-19

Ажурирани протоколите за заштита од КОВИД-19

Окт 29, 2020 Вести

Протоколите што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија, с...

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести – задолжително носење маска и на отворено

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од зар…

Окт 28, 2020 Вести

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување в...

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат без електрична енергија

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат …

Окт 28, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 29 октомври), од 08:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат населените ...

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури 55 новозаразени

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури…

Окт 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направени 2647 тестирања, регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19. После Скопје, Струмица со најмногу новозаразени, дури ...