Инспекциските служби ќе вршат интензивни контроли за време на викендот без ДДВ за почитување на здравствените протоколи и цените на производите

Петок, 09 Октомври 2020

Инспекциските служби за време на викендот без ДДВ, (10, 11 и 12 октомври 2020 година), ќе продолжат со интензивни контроли на терен, во делот на почитување на здравствените протоколи, како и на цените на производите, информираат од Владата.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе спроведува контроли со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите. Конкретно ДПИ ќе врши контрола дали цените на производите воведени во трговските книги на трговците, соодветствуваат со истакнатите цени на производите. Паралелно ДПИ, ќе спроведува интензивни контроли во однос на почитување на здравствените КОВИД протоколи во моловите и трговијата на мало (маркети, бутици итн). Конкретно, во моловите, дали се почитуваат мерките во делот на одржување на физичко растојание меѓу купувачите и продавачите од 1,5 до 2 метри, работно време, дали е обезбедена заштитна опрема (маски и ракавици), одржување на ред за влез во продавниците, обезбедени средства за дезинфекција, редари, регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, ред при пробување во продавниците за облека, обeлежани места за чекање пред касите и друго. Во делот на трговијата на мало, ќе се контролира почитувањето на протоколите во однос на запазување на големината на објектот и дозволеното присуство на бројот на купувачи, заштитна опрема за вработените (маски и ракавици), редарска служба, соодветни ознаки за правец на движење. За непочитувањето на здравствените протоколи предвидени се глоби во зависност од големината на трговците.

Од страна на ДПИ се преземени сите активности за превенирање на можни пропусти за време на викендот без ДДВ, за што се известени поголемите трговци и менаџери на моловите.

Воедно, продолжуваат интензивните контроли од страна нa сите инспекциски служби во зависност од нивните надлежности (Државен санитарен и здравствен инспекторат, Агенција за храна и ветеринарство Државен инспекторат за транспорт, Државен инспекторат за труд, Агенција за лекови), во однос на почитување на здравствените протоколи.

Инаку, на последната владина седница се усвоија измените на Законот за заштита на население од заразни болести со кои сите инспекциски служби ќе добијат нови поголеми овластувања за справување со прекршителите на КОВИД протоколите. Досега само Државниот здравствен и санитарен инспекторат имаше овластувања да изрекува мерки, а другите инспекциски служби само поднесуваа кривични пријави за непочитување на протоколите согласно Кривичниот законик. Со новите законски измени вакво овластување за изрекување на забрана за работа и прекршочен платен налог добиваат и Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и другите инспекторати на централно и локално ниво. Конкретно, доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена на правните субјекти кои не ги почитуваат мерките. Дополнително според новите законски измени, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект.

Со оглед на трендот на зголемување на бројот на заболени од вирусот КОВИД-19, од Владата апелираат до граѓаните, како и трговците, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, со цел да се спречи негово ширење. Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија, и затоа нема да има толеранција за прекршителите на здравствените КОВИД протоколи.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ковид-19: Струмица со 30 новозаболени и 17 оздравени пациенти

Ковид-19: Струмица со 30 новозаболени и 17 оздравени пациент…

Окт 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2748 тестирања, регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 420, во Струмица 30 новозаболени. Починале...

Инфективното одделение во Струмичката болница ќе добие респиратори од донацијата на НАТО

Инфективното одделение во Струмичката болница ќе добие респи…

Окт 30, 2020 Вести

Шеесет респиратори, во вредност од 1.4 милиони евра денеска стигнаа во земјава, како донација од НАТО Доверителниот фонд. Министерот за здравство, Вен...

„СТРУМА МЕБЕЛ“ има потреба од работници

„СТРУМА МЕБЕЛ“ има потреба од работници

Окт 30, 2020 Веб Билборд

Компанијата „СТРУМА МЕБЕЛ“ од Струмица има потреба од општи работници. Пријавување и подетални информации директно во компанијата која се наоѓа во Инд...

Во понеделник центарот на градот Струмица ќе остане без електрична енергија

Во понеделник центарот на градот Струмица ќе остане без елек…

Окт 30, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека во понеделник (2 ноември), од 14:00 до 18:00 часот без електрична енергија ќе биде централното градс...

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше пред општинската зграда за загадениот воздух во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше пред општинската зграда за з…

Окт 29, 2020 Вести

Вечерва пред зградата на Општина Струмица симпатизери и членови на струмичкото ВМРО-ДПМНЕ го изразија својот револт од загадениот воздух во Струмица. ...

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 27 новозаразени, 14 оздравени пациенти

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 27 новозаразени, 14 озд…

Окт 29, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2699 тестирања, регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19. Во Струмица 27 новозаразени. Починале 14 пациенти, д...

Ажурирани протоколите за заштита од КОВИД-19

Ажурирани протоколите за заштита од КОВИД-19

Окт 29, 2020 Вести

Протоколите што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија, с...

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести – задолжително носење маска и на отворено

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од зар…

Окт 28, 2020 Вести

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување в...