Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“

Петок, 25 Септември 2020

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“. Општината Струмица најпрво ги започна градежните активности за решавање на проблемот со атмосферските води кај „транзитниот пат“, односно во долниот дел од каналот кој продолжува се до реката Тркања.

Во овој вон урбан дел од каналот, кој е во должина од 1500 метри, опфатено е уредување, поставување на одводни цефки кои ќе ги прифаќаат атмосферските води од урбаниот дел на каналот, како и бетонирање на еден дел од каналот кој води до реката Тркања.

„Најчесто голем дел од оваа делница на каналот е зараснат со дрвја и водни растенија како трска и шамак. Од нив и наносите, коритото на оваа делница во најголем дел е уништено дури и подигнато, а на вливот во реката Тркања има наталожено наносен материјал, што значи дека сè заедно претставуваше голем проблем во функционирањето на овој канал. Сега со овие градежни зафати проблемот ќе биде решен“ – кажа градоначалникот Коста Јаневски, кој денеска беше во обиколка на овој дел од каналот за да се запознае со динамиката на работа.

Инвеститор на проектот е Општина Струмица и Министерството за заштита на животната средина, а реализацијата чини околу 5 милиони денари.

Градоначалникот Коста Јаневски најави дека деновиве ќе биде објавен и јавен тендер за избор на изведувач на градежните активности за покривање на поројот „Крушевска Република“, во должина од 1500 метри, но како што рече, најпрво мора да се реши овој проблем за жителите од долниот дел на градот, покрај поројот, па потоа да се почне со покривање на истиот.

„Урбаниот дел од поројот ќе го правиме во две етапи, за да можеме евентуалните предизвици околу техничките решенија и изгледот да ги проследиме во првата фаза и да можеме да ги корегираме во наредниот сегмент или оној, кој според мене претставува најкритичен дел, а тоа е сегментот непосредно пред влезот во каналот после „транзитниот пат“ – кажа градоначалникот Јаневски.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ковид-19: Струмица со 30 новозаболени и 17 оздравени пациенти

Ковид-19: Струмица со 30 новозаболени и 17 оздравени пациент…

Окт 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2748 тестирања, регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 420, во Струмица 30 новозаболени. Починале...

Инфективното одделение во Струмичката болница ќе добие респиратори од донацијата на НАТО

Инфективното одделение во Струмичката болница ќе добие респи…

Окт 30, 2020 Вести

Шеесет респиратори, во вредност од 1.4 милиони евра денеска стигнаа во земјава, како донација од НАТО Доверителниот фонд. Министерот за здравство, Вен...

„СТРУМА МЕБЕЛ“ има потреба од работници

„СТРУМА МЕБЕЛ“ има потреба од работници

Окт 30, 2020 Веб Билборд

Компанијата „СТРУМА МЕБЕЛ“ од Струмица има потреба од општи работници. Пријавување и подетални информации директно во компанијата која се наоѓа во Инд...

Во понеделник центарот на градот Струмица ќе остане без електрична енергија

Во понеделник центарот на градот Струмица ќе остане без елек…

Окт 30, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека во понеделник (2 ноември), од 14:00 до 18:00 часот без електрична енергија ќе биде централното градс...

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше пред општинската зграда за загадениот воздух во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше пред општинската зграда за з…

Окт 29, 2020 Вести

Вечерва пред зградата на Општина Струмица симпатизери и членови на струмичкото ВМРО-ДПМНЕ го изразија својот револт од загадениот воздух во Струмица. ...

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 27 новозаразени, 14 оздравени пациенти

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 27 новозаразени, 14 озд…

Окт 29, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2699 тестирања, регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19. Во Струмица 27 новозаразени. Починале 14 пациенти, д...

Ажурирани протоколите за заштита од КОВИД-19

Ажурирани протоколите за заштита од КОВИД-19

Окт 29, 2020 Вести

Протоколите што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија, с...

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести – задолжително носење маска и на отворено

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од зар…

Окт 28, 2020 Вести

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување в...