Уште една кривична пријава за поранешниот градоначалник на општина Василево

Среда, 14 Март 2018

Секторот за внатрешни работи во Струмица до Основното јавно обвинителство - Струмица, поднесе кривична пријава против В.С (51) од Едрениково, поради постоење на  основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираат од СВР Струмица, пријавениот во својство на градоначалник на општина Василево, искористувајќи ја својата службена положба, со пречекорување на границите на своето законско овластување, во текот на 2016 и 2017 година за туѓи потреби, односно за потребите на друго правно лице од Василево, како и за приватни патувања и одигрување на фудбалски натпревари надвор од Република Македонија, на лица кои воопшто не биле вработени во Општина Василево им овозможувал да ги користат службените возила на општината, иако тие лица немале право, односно не ги исполувале законските услови за користење на службените возила на Општина Василево.

Со таквите дејствија кои се состојат од давање на послуга на службени возила на Општина Василево, пријавениот овозможил прибавување корист на лица неовластени за нивно користење на штета на Општина Василево.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР Струмица изготвена е кривична пријава и доставена во ОЈО Струмица - стои во информацијата од СВР Струмица.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот …

Сеп 23, 2018 Струмица

Во Струмица на некогашниот полигон за полагање возачки испит на АМД Стрела, се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија, на кој учес...

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

Сеп 23, 2018 Струмица

Двајца параглајдери со рекламното лого на „Излези ЗА европска Македонија“, денеска напладне летаа низ струмичко, повикувајќи ги граѓаните да излезат н...

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Виена

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Ви…

Сеп 23, 2018 Струмица

И годинава струмички „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот за дегустација на вино во Виена, Австрија, привлекувајќи го вниманието на светските ...

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Сеп 22, 2018 Струмица

Овој вторник во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ - Струмица со почеток во 20:00 часот ќе бидат промовирани двете поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реоб...

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

Сеп 22, 2018 Магазин

Познатото момче од Струмица, оперскиот пејач од Торонто, Чикаго, Лондон, Милано, Васил Гарванлиев, кој постарите струмичани и Македонците го знаат по ...

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Сеп 21, 2018 Струмица

Утре и во недела Струмица ќе биде домаќин на Авто слалом трки во организација на АКК „Примо авј“ од Скопје, а под контрола на стручна комисија на АФМ...

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти роденден

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти род…

Сеп 21, 2018 Струмица

Поранешниот фудбалер на ФК „Беласица“, струмичанецот Илија Николов, меѓу постарите струмичани и спортисти познат како Моторетката, денеска полни 100 г...

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Сеп 21, 2018 Магазин

Погледнете го видеото од Струмичката котлина снимено од дрон на „eppstudio“ со една порака на авторот: „Да го чуваме и негуваме ова парче земја кое не...