Познатиот уметник и хуманист Живко Поповски Цветин во посета на Струмичката гимназија

Среда, 10 Октомври 2018

Познатиот македонски ликовен уметник и хуманист кој повеќе од 30 години преку уметноста води мисија за мир во светот, во пресрет на Денот на востанието на македонскиот народ, 11-ти октомври, беше во посета на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица.

Тој го посети I-6 клас каде учи ученичката Јана, штитеничка од Заводот за рехабилитација Бања Банско, со која во изминатите денови се дружеа низ неколку градови во Македонија на караванот од хуманитарната поетска манифестација „Со Босоногата по патот на светлината“, посветена на штитениците од Бања Банско.

Со учениците во паралелката на Јана, Цветин се дружеше два часа и им раскажа за неговата мисија, а додека учениците дискутираа за македонската народна поезија, за време на наставата на сите им наслика по една мини слика.

Поврзаноста на Цветин со уметноста датира уште од неговата 12-та година, но интензивно започнува да се занимава со сликарството во седумдесеттие. Тој на учениците им раскажуваше за неговите контакти и соработката со врвни домашни и светски личности како Мајка Тереза, која била голема мотивација во неговата мисија, Блаже Конески кој песната „Роза“ ја посветил на неговите цртежи и низа други влијателни личности, како претседатели на држави, парламентарци, уметници, поети, музичари, спортисти.

Живко Поповски за својата хумана мисија во 2009 година бил кандидиран за Нобеловата награда за мир, каде бил во најтесниот избор на 30 кандидати заедно со врвни имиња како Барак Обама, Хелмут Кол, Џорџ Буш, Тони Блер. Освен тоа, Поповски конкурирал и за Гинис откако насликал слика долга 1001 метар, посветена на 1001-та годишнина од ослепувањето на Самуиловите војници.

Големиот уметник и хуманист ја искористи шансата да го одбележи и утрешниот празник, со тоа што во холот на училиштето во присуство на директорката Невенка Стојанова, наслика и подари посебен цртеж на училиштето со 11 цветови како симбол за 11-ти октомври.

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Окт 17, 2018 Струмица

„Денови на маргинализирани уметности“, посветен на сатирата, афоризмот и карикатурата, што ќе се одржи вечерва во 19:00 часот во фоајето на Центарот з...

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Окт 16, 2018 Струмица

Непознати сторители дивееле во малиот „Бежански парк“ кај ЕВН Македонија, познат како „Паркот на децата – бегалци“. Ја уништиле урбаната опрема, клупи...

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Окт 16, 2018 Струмица

На два пункта, пред маркетот „Тинекс“ и пред влезот на ТЦ „Глобал“, струмичани донираат храна, покажуваајќи ја својата хуманост, по повод 16 октомври...

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкција на Детската градинка „Сонце“ во Ново Село

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкциј…

Окт 15, 2018 Струмица

Денеска во малата сала на ресторанот „Сонце“, Општина Ново Село ја одржа завршната Конференција, како дел од активностите од проектот со референтен бр...

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Окт 15, 2018 Струмица

Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, која ќе се одржи утре, 16 октомври, по повод Светскиот де...

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правната држава“

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правнат…

Окт 15, 2018 Струмица

Вчера во Ново Село, во организација на Унија на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ, се одржа трибина на тема: „За слободата, владеење на правото и правната држ...

ЕКСКЛУЗИВНО: Тарик Филиповиќ со Ќиро доаѓа во Струмица

ЕКСКЛУЗИВНО: Тарик Филиповиќ со Ќиро доаѓа во Струмица

Окт 15, 2018 Струмица

Македонската публика го засака пред 15 години кога со квизот „Кој сака да биде милионер“ го доби и прекарот „хрватскиот милионер“. Тарик Филиповиќ, ед...

Во неизвесен натпревар до последната секунда струмичките ракометари со  победа 27:26 против „Младост 09“

Во неизвесен натпревар до последната секунда струмичките рак…

Окт 15, 2018 Струмица

Ракометарите на „Астраион“ ги нижат своите победи во Првата ракометна лига на Македонија. Го имат и најдобриот стрелец, Иванче Ончев, кој со 38 погодо...