Струмичката гимназија ќе отвора ресторан за здрава храна во училиштето

Вторник, 09 Октомври 2018

Тимот од СОУ „Јане Сандански“ составен од учениците Миа Јанева, Викторија Даниловска, Верица Ахтарова, Ивана Трајковска и Лина Стојанова, под менторство на професорките Македонка Манушева и Стаменка Џорлева, беа дел од петте најдобри тимови на работилницата во Маврово за социјално претприемништво во организација на CEED Hub Skopje, а поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој и УНИЦЕФ Македонија. Тие освоија 2000 евра за проектот „Енергични бомбици“ за отворање на ресторан во училиштето во кој ќе се служи здрава храна.

Целта беше решавање на одреден социјален проблем. Конкретно во нашиот случај тоа е недостиг на здрава храна, односно непостоење место за подготовка и продажба на здрава храна во Струмица. Но, бидејќи тоа е глобален проблем ние не можеме да го решиме на глобално ниво и затоа се фокусиравме на нашето училиште каде таргет група ќе бидат нашите соученици“ - велат ученичките кои победија со својот проект на работилницата.

Тие се со идеја намирниците потребни за подготовка на органската храна да се добиваат од семејствата од руралните средини кои се занимават со производство на органски производи. Како добавувачи на ресторанот се планираат Терапевската заедница „Покров“ и СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица.

Директорката Невенка Стојанова рече дека училиштето ќе направи сè за финансиски и логистички да се помогне во реализација на проектот.

Морам да кажам дека има многу скептици во моментов коишто поставуваат прашања од типот „дали сте спремни да се нафатите на вакво нешто“, „дали имате средства да се нафатите на такво нешто“, „дали ги задоволувате ХАСАП стандардите“, меѓутоа јас ќе кажам дека колку и да е тешко, не велам дека не е, ние ќе направиме сè како училиште да ги помогнеме децата и нивните ментори и финансиски и логистички за оваа идеја не само да се реализира, туку и да биде пример за сите останати училишта во државата. Ќе аплицираме доколку е потребно и на други проекти со истата идеја за уште финансии и сето тоа да биде на едно високо ниво“ - најави директорката Стојанова.

Идејата е, освен на самото место во ресторанот, учениците ќе може и преку веб страна да си порачат смути, органски палачинки, свежи сокови и друга органска храна која ќе биде на менито на училишниот ресторан. Во ресторанот е планирано да има двајца вработени, а дополнително ќе се отвори и можноста за ангажирање на ученици во нивните слободни часови, како волонтери.

Повеќе од сто тимови аплицираа со проекти на оваа работилница за социјално претприемништво која викендот се одржа во Маврово, а СОУ „Јане Сандански“ од Струмица освен со проектот за отворање ресторан за здрава храна, учествуваше и со проект за отворање училишна Спортска сала за ученици со посебни потреби, кој се пласира во десетте најдобри проекти. /Р.Ѓ./

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Окт 17, 2018 Струмица

„Денови на маргинализирани уметности“, посветен на сатирата, афоризмот и карикатурата, што ќе се одржи вечерва во 19:00 часот во фоајето на Центарот з...

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Окт 16, 2018 Струмица

Непознати сторители дивееле во малиот „Бежански парк“ кај ЕВН Македонија, познат како „Паркот на децата – бегалци“. Ја уништиле урбаната опрема, клупи...

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Окт 16, 2018 Струмица

На два пункта, пред маркетот „Тинекс“ и пред влезот на ТЦ „Глобал“, струмичани донираат храна, покажуваајќи ја својата хуманост, по повод 16 октомври...

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкција на Детската градинка „Сонце“ во Ново Село

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкциј…

Окт 15, 2018 Струмица

Денеска во малата сала на ресторанот „Сонце“, Општина Ново Село ја одржа завршната Конференција, како дел од активностите од проектот со референтен бр...

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Окт 15, 2018 Струмица

Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, која ќе се одржи утре, 16 октомври, по повод Светскиот де...

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правната држава“

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правнат…

Окт 15, 2018 Струмица

Вчера во Ново Село, во организација на Унија на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ, се одржа трибина на тема: „За слободата, владеење на правото и правната држ...

ЕКСКЛУЗИВНО: Тарик Филиповиќ со Ќиро доаѓа во Струмица

ЕКСКЛУЗИВНО: Тарик Филиповиќ со Ќиро доаѓа во Струмица

Окт 15, 2018 Струмица

Македонската публика го засака пред 15 години кога со квизот „Кој сака да биде милионер“ го доби и прекарот „хрватскиот милионер“. Тарик Филиповиќ, ед...

Во неизвесен натпревар до последната секунда струмичките ракометари со  победа 27:26 против „Младост 09“

Во неизвесен натпревар до последната секунда струмичките рак…

Окт 15, 2018 Струмица

Ракометарите на „Астраион“ ги нижат своите победи во Првата ракометна лига на Македонија. Го имат и најдобриот стрелец, Иванче Ончев, кој со 38 погодо...