Даскаловски: НАТО и ЕУ се семејства на здружени партнери

Петок, 14 Септември 2018

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, на денешната прес конференција говореше за придобивките од членството во ЕУ и НАТО и ги повика струмичани на 30-ти септември да излезат на референдумот и да гласат.

Интегрален текст од обрќањето на Даскаловски:

Македонија се приклучува кон Европското семејство. Европа и светот ги отворија вратите за Македонија. Седнуваме на големите маси, рамо до рамо со најсилните земји во светот, рамноправни, поддржани од нашите сојузници.

Светот ја препозна промената и ни даде шанса како никогаш до сега. Се отворија вратите за нашето полноправно членство во НАТО и за почеток на преговори за членство во ЕУ. Земјите членки на двата најголеми сојузи сакаат да ја видат Македонија рамноправна, со право на глас во семејството на западните демократски држави.

Стануваме дел од семејства кои ја гарантираат нашата стабилна и сигурна иднина. НАТО и ЕУ се семејства на здружени партнери со кои ја гарантираме иднината на нашите деца. Сега треба да го направиме следниот чекор. Време е за нова правилна одлукa. Таа одлука ќе ни донесе стабилност и подобар живот.

Ќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Ќе се градат нови патишта, мостови, водоводи, канализации, училишта и градинки, за подобар живот на сите граѓани, за подобро утре на нашите деца.Ќе се зголемат фондовите за земјоделците. Повеќе европски средства за субвенции, за механизација, за повисок приход, подобар производ и за пласман со подобри цени.

Вкупната годишна EУ помош за Македонија изнесува 90 милиони евра односно 260.000 евра дневно.

Влегуваме во Унија од 500 милиони потрошувачи или 250 пати поголем од пазар од нашиот домашен.

15,5 милиони евра годишно за Македонија преку ЕУ програмата за транспорт (фондови со кои се градат патишта, мостови, железници, тунели и друга инфраструктура).

8,5 милиони евра европски пари за заштита на границите на Македонија во 2018 година.

15 милиони евра европски пари за земјоделството во Македонија за 2019 година.

18 милиони евра во 2020 година за реформи во правосудството и во полицијата во Македонија.

Почитувани сограѓани, за ОВА вреди сите заедно да излеземе на 30 септември и да го дадеме нашиот глас за европска Македонија!

Одлуката за иднината да ја донесеме во заедништво.

Опозицијата и сите кои се двоумат да го поддржат референдумот, нека се приклучат, заедно да ја однесеме Македонија кон подобра иднина во ЕУ и НАТО.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот …

Сеп 23, 2018 Струмица

Во Струмица на некогашниот полигон за полагање возачки испит на АМД Стрела, се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија, на кој учес...

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

Сеп 23, 2018 Струмица

Двајца параглајдери со рекламното лого на „Излези ЗА европска Македонија“, денеска напладне летаа низ струмичко, повикувајќи ги граѓаните да излезат н...

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Виена

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Ви…

Сеп 23, 2018 Струмица

И годинава струмички „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот за дегустација на вино во Виена, Австрија, привлекувајќи го вниманието на светските ...

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Сеп 22, 2018 Струмица

Овој вторник во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ - Струмица со почеток во 20:00 часот ќе бидат промовирани двете поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реоб...

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

Сеп 22, 2018 Магазин

Познатото момче од Струмица, оперскиот пејач од Торонто, Чикаго, Лондон, Милано, Васил Гарванлиев, кој постарите струмичани и Македонците го знаат по ...

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Сеп 21, 2018 Струмица

Утре и во недела Струмица ќе биде домаќин на Авто слалом трки во организација на АКК „Примо авј“ од Скопје, а под контрола на стручна комисија на АФМ...

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти роденден

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти род…

Сеп 21, 2018 Струмица

Поранешниот фудбалер на ФК „Беласица“, струмичанецот Илија Николов, меѓу постарите струмичани и спортисти познат како Моторетката, денеска полни 100 г...

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Сеп 21, 2018 Магазин

Погледнете го видеото од Струмичката котлина снимено од дрон на „eppstudio“ со една порака на авторот: „Да го чуваме и негуваме ова парче земја кое не...