Спектакл во Струмица - автослалом за сите со стандардни и тркачки автомобили

Четврток, 13 Септември 2018

Во организација на АКК „Примо авј“ од Скопје, а под контрола на стручна комисија на АФМ на 22 и 23 септември во Струмица ќе се одржат автослалом трки кои ќе се бодуваат за државниот шампионат на Македонија.

Трките ќе бидат на полигонот спроти хотелот „Сириус“, некогашниот полигон за полагање возачки испит.

На овој натпревар право на настап ќе имаат сите кои поседуваат возачка дозвола, натпреварувачка лиценца издадена од АФМ и животно осигурување за авто натпревари. Возилата ќе бидат поделени во четири класи од кои две за стандардни возила со зафатнина на маторот до 1600 кубика и над 1600 кубика и две класи за тркачки возила до 1600 и над 1600 кубика.

Пријавувањето на заинтересираните е до 17 септември, а струмичани, пријави може да добијат кај Мики Тодоров, кој оваа сезона дебитираше на авто трките на мобилниот број: 078/810-316

Според програмата во сабота на 22 септември ќе биде техничкиот преглед на возилата, верификација и состанок на учесниците со жири комисијата, а потоа ќе биде неофицијалниот и официјалниот тренинг на полигонот.

Следниот ден на 23 септември (недела), ќе биде натпреварувачкиот дел каде учесниците во сите четири класи ќе имаат по две возења кои ќе започнат во 12:00 часот по што ќе биде церемонијата на доделување на наградите.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот …

Сеп 23, 2018 Струмица

Во Струмица на некогашниот полигон за полагање возачки испит на АМД Стрела, се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија, на кој учес...

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

Сеп 23, 2018 Струмица

Двајца параглајдери со рекламното лого на „Излези ЗА европска Македонија“, денеска напладне летаа низ струмичко, повикувајќи ги граѓаните да излезат н...

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Виена

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Ви…

Сеп 23, 2018 Струмица

И годинава струмички „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот за дегустација на вино во Виена, Австрија, привлекувајќи го вниманието на светските ...

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Сеп 22, 2018 Струмица

Овој вторник во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ - Струмица со почеток во 20:00 часот ќе бидат промовирани двете поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реоб...

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

Сеп 22, 2018 Магазин

Познатото момче од Струмица, оперскиот пејач од Торонто, Чикаго, Лондон, Милано, Васил Гарванлиев, кој постарите струмичани и Македонците го знаат по ...

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Сеп 21, 2018 Струмица

Утре и во недела Струмица ќе биде домаќин на Авто слалом трки во организација на АКК „Примо авј“ од Скопје, а под контрола на стручна комисија на АФМ...

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти роденден

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти род…

Сеп 21, 2018 Струмица

Поранешниот фудбалер на ФК „Беласица“, струмичанецот Илија Николов, меѓу постарите струмичани и спортисти познат како Моторетката, денеска полни 100 г...

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Сеп 21, 2018 Магазин

Погледнете го видеото од Струмичката котлина снимено од дрон на „eppstudio“ со една порака на авторот: „Да го чуваме и негуваме ова парче земја кое не...