НЕТА: Најдобра претстава на „Ристо Шишков“ - „Еднаш свет изградив“ на Театарот за деца и младинци

Четврток, 13 Септември 2018

Заврши 26-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, на кој Благоја Чоревски е добитник на единственото актерско признание златен медалјон со ликот на Ристо Шишков.

Веќе осум години, Меѓународната театарска асоцијација НЕТА доделува повеќе други награди на фестивалот „Ристо Шишков“.

За најдобра претстава е прогласена „Еднаш свет изградив“ во продукција на Театарот за деца и младинци од Скопје, наградата за најдобра режија му е доделена на Ник Апер за претставите „Петтиот чин“ во изведба на Народниот тетатар од Струмица и „Ибзеновите женски“ во продукција на Покет театар студио од Љубљана и Аграрија од Копер, Словенија.

Награда за најдобра сценографија, дизајн на светло и костимографија е доделена на Јулијана Војкова Најман за претставата „Клетници“ во изведба на Прилепскиот театар.

Наградата за најдобра музика ја доби групата Фолтин, исто така за претставата „Клетници“, наградата за најдобар текст му е доделена на Радован Тишма за „Четири браќа“ на Књажевскиот српски театар од Крагуевац.

Актерите на Струмичкиот театар Бранко Бенинов и Ванчо Крстевски добија награда за машка улога за нивните остварувања во претставата „Петтиот чин“.

Награди за женска улога добија Румјана Мерџанска за улогата во претставата „Трговци на презервативи“ на театарот од Враца од Бугарија, и Мирјана Поповска Ристов за улога во претставата „Дони дарк“ на Театарот комедија од Скопје.

Наградата за дебитантско остварување и е доделена на Димитрина Мицкоска за претставата „Женска утопија“.

Специјална награда на фестивалот доби претставата „Доктор Фауст“ во изведба на Битолскиот народен тетатар со која беше спуштена завесата на годинешното издание на фестивалот „Ристо Шипков“ во Струмица.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот …

Сеп 23, 2018 Струмица

Во Струмица на некогашниот полигон за полагање возачки испит на АМД Стрела, се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија, на кој учес...

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

Сеп 23, 2018 Струмица

Двајца параглајдери со рекламното лого на „Излези ЗА европска Македонија“, денеска напладне летаа низ струмичко, повикувајќи ги граѓаните да излезат н...

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Виена

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Ви…

Сеп 23, 2018 Струмица

И годинава струмички „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот за дегустација на вино во Виена, Австрија, привлекувајќи го вниманието на светските ...

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Сеп 22, 2018 Струмица

Овој вторник во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ - Струмица со почеток во 20:00 часот ќе бидат промовирани двете поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реоб...

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

Сеп 22, 2018 Магазин

Познатото момче од Струмица, оперскиот пејач од Торонто, Чикаго, Лондон, Милано, Васил Гарванлиев, кој постарите струмичани и Македонците го знаат по ...

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Сеп 21, 2018 Струмица

Утре и во недела Струмица ќе биде домаќин на Авто слалом трки во организација на АКК „Примо авј“ од Скопје, а под контрола на стручна комисија на АФМ...

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти роденден

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти род…

Сеп 21, 2018 Струмица

Поранешниот фудбалер на ФК „Беласица“, струмичанецот Илија Николов, меѓу постарите струмичани и спортисти познат како Моторетката, денеска полни 100 г...

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Сеп 21, 2018 Магазин

Погледнете го видеото од Струмичката котлина снимено од дрон на „eppstudio“ со една порака на авторот: „Да го чуваме и негуваме ова парче земја кое не...