Отворена изложба на дела од 55. Струмичка ликовна колонија

Вторник, 11 Септември 2018

По повод Денот на ослободувањето на Струмица, вечерва во изложбениот салон на Центарот за култура „Антон Панов“, беше отворена изложба на дела создадени на годинашната 55-та Меѓународна струмичка ликовна колонија.

За новосоздадените дела од годинашнава Струмичка ликовна колонија говореше уметничкиот раководител, Александар Филев, кој истакна дека од 1 до 12 август во Струмица се создадени нови 50-тина дела од рацете на 16 ликовни уметници од Македонија, Полска, Бугарија, Романија, Турција, Србија, Чешка и Украина. Фондот на ликовни дела е повеќе од 2600, а тука се и 60-тина мозаици од Студиото за мозаик кое работи веќе 25 години во рамките на ликовната колонија. Тој најави дека следниот месец ќе се организира изложба „25 години мозаик во Струмичката ликовна колонија“, на која ќе бидат презентирани сите мозаици изработени до сега.

Изложбата, која до крајот на месецот ќе биде поставена во изложбениот салон на Центарот за култура, ја отвори градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој им честита на ликовните творци и им се заблагодари за збогатувањето на големата ликовна збирка на Струмица.

Различните светогледи, различните мотиви, различните ликовни дисциплини на уметниците само докажуваат дека колку и да сме исти сепак сме различни. Во тоа е убавината на светот, во тоа е убавината на ликовното творештво и неговите естетски особености. Ако се знае дека уметноста е продукт на нашата желба за убавина и вистина, но и од сознанието дека двете нешта не се истоветни, тогаш да ја побараме убавинита во изложените дела, но и да ја замислиме вистината таква каква што ја посакуваме“ - рече градоначалникот Јаневски, кој на отворањето на изложбата доби портрет насликан за време на одржувањето на ликовната колонија од уметникот Радослав Ангелов Костов од Бугарија. /Р.Ѓ./

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот …

Сеп 23, 2018 Струмица

Во Струмица на некогашниот полигон за полагање возачки испит на АМД Стрела, се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија, на кој учес...

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

Сеп 23, 2018 Струмица

Двајца параглајдери со рекламното лого на „Излези ЗА европска Македонија“, денеска напладне летаа низ струмичко, повикувајќи ги граѓаните да излезат н...

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Виена

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Ви…

Сеп 23, 2018 Струмица

И годинава струмички „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот за дегустација на вино во Виена, Австрија, привлекувајќи го вниманието на светските ...

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Сеп 22, 2018 Струмица

Овој вторник во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ - Струмица со почеток во 20:00 часот ќе бидат промовирани двете поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реоб...

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

Сеп 22, 2018 Магазин

Познатото момче од Струмица, оперскиот пејач од Торонто, Чикаго, Лондон, Милано, Васил Гарванлиев, кој постарите струмичани и Македонците го знаат по ...

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Сеп 21, 2018 Струмица

Утре и во недела Струмица ќе биде домаќин на Авто слалом трки во организација на АКК „Примо авј“ од Скопје, а под контрола на стручна комисија на АФМ...

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти роденден

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти род…

Сеп 21, 2018 Струмица

Поранешниот фудбалер на ФК „Беласица“, струмичанецот Илија Николов, меѓу постарите струмичани и спортисти познат како Моторетката, денеска полни 100 г...

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Сеп 21, 2018 Магазин

Погледнете го видеото од Струмичката котлина снимено од дрон на „eppstudio“ со една порака на авторот: „Да го чуваме и негуваме ова парче земја кое не...