Во Струмица отворен 26-от ФКТ „Ристо Шишков“

Недела, 09 Септември 2018

Во Струмица синоќа беше отворено 26. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Се надевам дека фестивалот и годинава, како и во своите претходни 25 изданија, ќе го потврди своето реноме, како една од најрепрезентативните меѓународни културни манифестации во нашиот град, благодарение на кои Струмица, беше и останува еден од највлијателните културни центри во Македонија“ - истакна градоначалникот Јаневски.

До среда ќе бидат одиграни десет претстави од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија со учество на педесетина актери, кои ќе се докажуваат со својата актерска игра за единствената награда за високо актерско остварување „Ристо Шишков“.

Фестивалската жири комисија ќе ја предводи ланската лауератка, српската актерка Тања Бошковиќ.

Би сакала секој фестивал да има толку награди колку што има учесници. Денес е голем подвиг да се направи уметничко дело. Тоа е контра на сето тоа што е случува во животот. Да се занимавате со уметност тоа е возвишена работа и затоа треба да се наградат луѓето кои се занимаваат со тоа, бидејќи целиот живот го посветуваат на тоа“ - рече претседателката на жири комисијата, Тања Бошковиќ.

Во рамките на Фестивалот се одржува и 8-то издание на камерна драма НЕТА (Нова европска театарска акција).

Први пред публиката настапија актерите од театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата „Клетници“ од Виктор Иго во режија на Мартин Кочовски.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПРЕТСТАВАТА „Клетници“ >>>

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот …

Сеп 23, 2018 Струмица

Во Струмица на некогашниот полигон за полагање возачки испит на АМД Стрела, се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија, на кој учес...

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

Сеп 23, 2018 Струмица

Двајца параглајдери со рекламното лого на „Излези ЗА европска Македонија“, денеска напладне летаа низ струмичко, повикувајќи ги граѓаните да излезат н...

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Виена

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Ви…

Сеп 23, 2018 Струмица

И годинава струмички „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот за дегустација на вино во Виена, Австрија, привлекувајќи го вниманието на светските ...

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Сеп 22, 2018 Струмица

Овој вторник во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ - Струмица со почеток во 20:00 часот ќе бидат промовирани двете поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реоб...

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

Сеп 22, 2018 Магазин

Познатото момче од Струмица, оперскиот пејач од Торонто, Чикаго, Лондон, Милано, Васил Гарванлиев, кој постарите струмичани и Македонците го знаат по ...

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Сеп 21, 2018 Струмица

Утре и во недела Струмица ќе биде домаќин на Авто слалом трки во организација на АКК „Примо авј“ од Скопје, а под контрола на стручна комисија на АФМ...

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти роденден

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти род…

Сеп 21, 2018 Струмица

Поранешниот фудбалер на ФК „Беласица“, струмичанецот Илија Николов, меѓу постарите струмичани и спортисти познат како Моторетката, денеска полни 100 г...

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Сеп 21, 2018 Магазин

Погледнете го видеото од Струмичката котлина снимено од дрон на „eppstudio“ со една порака на авторот: „Да го чуваме и негуваме ова парче земја кое не...