Проектот за бакар „Иловица-Штука” нема да користи цијанид и ќе донесе бенефит за македонската економија

Четврток, 09 Август 2018

Проектот за бакар „Иловица-Штука“ е целосно безбеден и се развива според највисоките стандарди за животна средина, според домашното и меѓународното законодавство. Сите обвинувања кон проектот се изнесени на паушални основи и не се поткрепени со никакви факти – се вели во соопштението на компанијата „Еуромакс ресоурсис“.

За да се одвива конструктувен дијалог, сите заинтересирани страни можат да извршат увид во целокупната документација на проектот, која е јавно достапна. Дополнително на тоа „Еуромакс ресоурсис“ ја продолжува комуникацијата со сите заинтересирани страни, вкучувајќи ги и граѓанските организации.

Имајќи го предвид ставот на локалната заедница, менаџментот на компанијата донесе одлука да не го користи цијанидот во постапката, како и суфурната киселина. Тоа е јасна потврда дека определба на компанијата е да проектот да се развива со поддршка на локалната заедница.

Рудникот ќе работи согласно еколошките стандарди, повисоки од оние утврдени од ЕУ, без никакво влијание врз земјоделството. Еуромакс спроведе транспарентно и сеопфатно вклучување на заедницата и засегнатите страни во текот на изминатите 4 години, и истото е темелно документирано во Студијата за влијанието врз животната средина.

Со отстранувањето на цијанидот од процесот за обработка на рудата, примарниот производ на проектот Иловица-Штука” сега ќе биде бакар.

Главниот процес на преработка на рудата е флотација, физички процес преку кој ќе се произведува бакарен концентрат и ќе биде транспортиран во топилница во Бугарија. Овој процес на флотација е сличен на сите постојни големи рудници за метали во Македонија и не вклучува хемиски реакции за растворање на рудата“ - велат од „Еуромакс ресоурсис“.

Реализацијата на проектот за бакар „Иловица-Штука“ ќе има голем економски бенефит за локалната и националната економија. Ќе се отворат 500 нови директни работни места и над 2700 индиректни вработувања во компаниите изведувачи. Во соработката предност ќе имаат локалните компании, што ќе биде дополнителен поттик за локалната економија. На национално ниво проектот ќе учествува со со 3% од БДП на Македонија и ќе обезбедува даночни приходи во висина од 24 милиони евра годишно – се вели во денешното соопштение на „Еуромакс ресоурсис“.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Танчерките „Mantock“ ќе ја отворат големата „опенфестовска“ сцена на плоштадот

Танчерките „Mantock“ ќе ја отворат големата „опенфестовска“ …

Авг 17, 2018 Струмица

Од вечерва започнуваат долгоочекуваните концерти на македонските, балканските и светски музички гости. Големата ОПЕН фест сцена ќе биде активна од 21:...

Вечерва финалето во одбојка на песок

Вечерва финалето во одбојка на песок

Авг 17, 2018 Струмица

Веќе трет ден на спортското игралиште во ООУ „Сандо Масев“ во Струмица се одржува Турнир во одбојка на песок за девојчиња, во организација на училишни...

И првиот човек на струмичката полиција во трка за наследник на Велковски

И првиот човек на струмичката полиција во трка за наследник …

Авг 17, 2018 Струмица

Првиот човек на скопската полиција Тони Јакимовски е најспоменуваното име за наследник на сменетиот Лазо Велковски во Бирото за јавна безбедност. Иако...

Во пожар во Старо Коњарево изгореа крави, телиња, механизација

Во пожар во Старо Коњарево изгореа крави, телиња, механизаци…

Авг 16, 2018 Ново Село

Доцна попладнево во селото Старо Коњарево, општина Ново Село, избувнал пожар кој зафатил три објекти, во кои имало добиток и механизација. Според наш...

Денеска и утре турнир во одбојка на песок во ООУ „Сандо Масев“

Денеска и утре турнир во одбојка на песок во ООУ „Сандо Масе…

Авг 16, 2018 Струмица

Денеска и утре на одбојкарското игралиште во дворот на ООУ „Сандо Масев“ во Струмица ќе се одржува Турнир во одбојка на песок за девојчиња. Турнирот е...

Пријавете се за учество на „Street Basket – Владевци 2018“

Пријавете се за учество на „Street Basket – Владевци 2018“

Авг 16, 2018 Веб Билборд

Во тек е пријавувањето за учество на традиционалниот турнир во улична кошарка „Street Basket – Владевци 2018“, кој ќе се одржи во пресрет на големиот ...

Три дена до градското дерби, Балдовалиев и Стојков очекуваат полн стадион, добар меч

Три дена до градското дерби, Балдовалиев и Стојков очекуваат…

Авг 16, 2018 Струмица

Се наближува второто коло за двата струмички фудбалски клубови Беласица и Академија Пандев кои во недела ќе играат дерби на стадионот Младост. Натпрев...

Кузмановска: Членството во ЕУ носи огромни придобивки во земјоделството

Кузмановска: Членството во ЕУ носи огромни придобивки во зем…

Авг 16, 2018 Струмица

„Влегуваме во пазар од 500 милиони потрошувачи, што е многу важно, затоа што тоа ќе го олесни и ќе го зголеми извозот на нашите производи“ - истакна д...