Организаторите подготвени за старт на „Струмица ОПЕН фестивал“, институциите со целосна поддршка

Четврток, 09 Август 2018

Денеска на покана на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, се одржа координативн состанок со членовите на Организациониот одбор и претставници на институциите кои даваат логистичка поддршка пред утрешниот официјален старт на седмото издание на „Струмица ОПЕН фестивалот“.

Севкупната организација, а посебно безбедноста за време на последните три музички вечери, кога и се очекува најголем број посетители, беше темата на која се разговараше на состанокот.

Безбедноста ни е приоритет и најмногу разговаравме од тој аспект, сакаме тие настани да поминат во едно добро расположение, луѓето да се чувствуваат убаво и безбедно и користам прилика да ги поканам сите наши сограѓани, гости од другите градови во државата и од странство кои веќе се најавуваат дека ќе бидат присутни, да дојдат и да присуствуваат на овие настани и да поминат во добро расположение. Се надевам дека оваа година, овој фестивал ќе го задржи реномето кое што го имаше досега и очекувам да биде уште поуспешен и се надевам дека тој тренд Струмица ќе го задржи и во наредните години“ - рече по состанокот градоначалникот Јаневски.

На состанокот се дискутираа и презентираа решенијата за сите недостатоци на техничките екипи од претходното издание.

Ги покануваме сите струмичани да уживаат во програмата која ќе биде официјално отворена утре, на Чешмичката од 21:00 часот со Rock Symphony“, вели Томи Печков - претседател на Здружението „Културен забавен живот“, организатор на СОФ.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Танчерките „Mantock“ ќе ја отворат големата „опенфестовска“ сцена на плоштадот

Танчерките „Mantock“ ќе ја отворат големата „опенфестовска“ …

Авг 17, 2018 Струмица

Од вечерва започнуваат долгоочекуваните концерти на македонските, балканските и светски музички гости. Големата ОПЕН фест сцена ќе биде активна од 21:...

Вечерва финалето во одбојка на песок

Вечерва финалето во одбојка на песок

Авг 17, 2018 Струмица

Веќе трет ден на спортското игралиште во ООУ „Сандо Масев“ во Струмица се одржува Турнир во одбојка на песок за девојчиња, во организација на училишни...

И првиот човек на струмичката полиција во трка за наследник на Велковски

И првиот човек на струмичката полиција во трка за наследник …

Авг 17, 2018 Струмица

Првиот човек на скопската полиција Тони Јакимовски е најспоменуваното име за наследник на сменетиот Лазо Велковски во Бирото за јавна безбедност. Иако...

Во пожар во Старо Коњарево изгореа крави, телиња, механизација

Во пожар во Старо Коњарево изгореа крави, телиња, механизаци…

Авг 16, 2018 Ново Село

Доцна попладнево во селото Старо Коњарево, општина Ново Село, избувнал пожар кој зафатил три објекти, во кои имало добиток и механизација. Според наш...

Денеска и утре турнир во одбојка на песок во ООУ „Сандо Масев“

Денеска и утре турнир во одбојка на песок во ООУ „Сандо Масе…

Авг 16, 2018 Струмица

Денеска и утре на одбојкарското игралиште во дворот на ООУ „Сандо Масев“ во Струмица ќе се одржува Турнир во одбојка на песок за девојчиња. Турнирот е...

Пријавете се за учество на „Street Basket – Владевци 2018“

Пријавете се за учество на „Street Basket – Владевци 2018“

Авг 16, 2018 Веб Билборд

Во тек е пријавувањето за учество на традиционалниот турнир во улична кошарка „Street Basket – Владевци 2018“, кој ќе се одржи во пресрет на големиот ...

Три дена до градското дерби, Балдовалиев и Стојков очекуваат полн стадион, добар меч

Три дена до градското дерби, Балдовалиев и Стојков очекуваат…

Авг 16, 2018 Струмица

Се наближува второто коло за двата струмички фудбалски клубови Беласица и Академија Пандев кои во недела ќе играат дерби на стадионот Младост. Натпрев...

Кузмановска: Членството во ЕУ носи огромни придобивки во земјоделството

Кузмановска: Членството во ЕУ носи огромни придобивки во зем…

Авг 16, 2018 Струмица

„Влегуваме во пазар од 500 милиони потрошувачи, што е многу важно, затоа што тоа ќе го олесни и ќе го зголеми извозот на нашите производи“ - истакна д...