Професорката Катица Мицева од Струмица избрана за наставник на деца на Македонци кои живеат во Германија

Вторник, 07 Август 2018

Професорката Катица Мицева од Струмица е избрана за наставник за реализација на дополнителна настава за основно образование на мајчин јазик за деца на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство и распоредена во училиштата во државата СР Германија за градовите Штудгарт, Синделфинген, Улм, Фаинген Енц и околината.

Професорката Мицева вчера во просториите на Агенцијата за иселеништво, пред заминување за Германија имаше работна средба со директорот Никола Шалваринов.

Катица Мицева своето работно искуство, како професор по македонски јазик и литература го започнува во 1990 до 2003 година во Основно училиште „Кирил и Методиј” во Иловица, од 2005 до 2015 година во Општинско училиште „Видое Подгорец” во Колешино,а од 2015 година до денес во СОУ „Никола Карев” во Струмица исто така како професор по македонски јазик и литература.

Катица Мицева говори англиски, српско-хрватски и германски јазик. Нејзината богата биографија се надополнува и со сертифицирани знаења во ИТ секторот. Во 2007 Certificate for successful application and integration of Information and Communication Technology in the instruction process at the primary school level. Истата година и Certificate for successfully completing the Primary School Teachers training and demonstrating practical knowledge in Innovative Use of ICT in Primary Schools, како и сертификат за Regional Workshop on Education and Decentralization for the Local Stakeholders. Една година подоцна Мицева, учествува во Проект за модернизација на образованието: Техники за учење и настава, нови методи, интерактивно учење и наставa.
Покрај ова, Мицева има богата биографија и во делот на стекнати дипломи, 2008 - Освоена втора награда на конкурсот за литературни состави посветен на општина Струмица -(категорија возрасни автори), истата година, автор на стихозбирката „Своја” - избрана за најдобра книга на Караманови средби во Радовиш, а година подоцна го заврши семинарот за Брзо читање.
Во својата богата биографија, Катица Мицева ќе запише и голем број на благодарници и сертификати за учество на семинари и настани кои се од интерес на македонскиот јазик и литература.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Окт 17, 2018 Струмица

„Денови на маргинализирани уметности“, посветен на сатирата, афоризмот и карикатурата, што ќе се одржи вечерва во 19:00 часот во фоајето на Центарот з...

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Окт 16, 2018 Струмица

Непознати сторители дивееле во малиот „Бежански парк“ кај ЕВН Македонија, познат како „Паркот на децата – бегалци“. Ја уништиле урбаната опрема, клупи...

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Окт 16, 2018 Струмица

На два пункта, пред маркетот „Тинекс“ и пред влезот на ТЦ „Глобал“, струмичани донираат храна, покажуваајќи ја својата хуманост, по повод 16 октомври...

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкција на Детската градинка „Сонце“ во Ново Село

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкциј…

Окт 15, 2018 Струмица

Денеска во малата сала на ресторанот „Сонце“, Општина Ново Село ја одржа завршната Конференција, како дел од активностите од проектот со референтен бр...

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Окт 15, 2018 Струмица

Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, која ќе се одржи утре, 16 октомври, по повод Светскиот де...

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правната држава“

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правнат…

Окт 15, 2018 Струмица

Вчера во Ново Село, во организација на Унија на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ, се одржа трибина на тема: „За слободата, владеење на правото и правната држ...

ЕКСКЛУЗИВНО: Тарик Филиповиќ со Ќиро доаѓа во Струмица

ЕКСКЛУЗИВНО: Тарик Филиповиќ со Ќиро доаѓа во Струмица

Окт 15, 2018 Струмица

Македонската публика го засака пред 15 години кога со квизот „Кој сака да биде милионер“ го доби и прекарот „хрватскиот милионер“. Тарик Филиповиќ, ед...

Во неизвесен натпревар до последната секунда струмичките ракометари со  победа 27:26 против „Младост 09“

Во неизвесен натпревар до последната секунда струмичките рак…

Окт 15, 2018 Струмица

Ракометарите на „Астраион“ ги нижат своите победи во Првата ракометна лига на Македонија. Го имат и најдобриот стрелец, Иванче Ончев, кој со 38 погодо...