Советот на општина Струмица направи ребаланс на буџетот

Вторник, 12 Јуни 2018

На предлог на градоначалникот Коста Јаневски, Советот на општина Струмица денеска на 11-та седница ги донесе измените и дополнувањата на тековниот буџет.

Според образложението на градоначалникот, потребата од овој ребаланс се наметна поради доставените барања од буџетските корисници на буџетот на општина Струмица, пред се на буџетските корисници кои се финансираат со блок-дотации, за нивното непречено работење и со наметнување на некои нови приоритети на граѓаните за кои е неопходно усогласување на донесените буџетски програми.

Измените и дополнувањата во буџетот отворија долга дискусија помеѓу советниците на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот Јаневски и известителот, раководителот на Одделението за финансии, Ема Граматикова.

Ели Панова бараше одговори зошто се одземаат големи суми од веќе предвидените капитални проекти, а се додаваат за стоки и услуги.

Градоначалникот вели дека со овој ребаланс се пренаменуваат средствата во програмите на посебниот дел на расходите со што во некои програми ставките се зголемуваат за сметка на други, но и во вкупниот износ на расходите кај блок дотации. Во основниот буџет вкупните приходи и расходи остануваат непроменети, се врши само пренамена меѓу програмите во колоната буџет.

Мислам дека оваа седница беше многу корисна за граѓаните на општина Струмица, бидејќи градоначалникот Коста Јаневски убаво го образложи ребалансот на буџетот на општина Струмица и се надевам дека во наредниот период, општина Струмица како и досега во проекти ќе биде водечка општина во Република Македонија“ - рече по седницата претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Денеска на дневен ред беа и годишните планови за вработување за сите средни и основни училишта, извештаите за работата на јавните претпријатија „Паркиралишта Струмица“ и „Струмица Гас“.

На седницата беа усвоени и повеќе предлог програми, одлуки и планови од повеќе области.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Околу 400 готвачи од цел свет наесен повторно доаѓаат во Струмица

Околу 400 готвачи од цел свет наесен повторно доаѓаат во Стр…

Јун 18, 2018 Струмица

Струмица и годинава повторно ќе биде домаќин на најдобрите готвачи од целиот свет. Од 8 до 12 октомври во хотелот „Вила Парк“ во Струмица ќе се одржи ...

Кривична за 25-годишен струмичанец поради „силување“

Кривична за 25-годишен струмичанец поради „силување“

Јун 18, 2018 Струмица

СВР Струмица денеска поднесе кривична пријава против Т.Т. (25) од село Сачево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...

Околу 300 фудбалерчиња на Пандев ги започнаа спортските активности на летниот камп

Околу 300 фудбалерчиња на Пандев ги започнаа спортските акти…

Јун 17, 2018 Струмица

Вчера со пристигнувањето на 322 фудбалери учесници на летниот „Пандев камп 2018" во Разлог, Бугарија, официјално започна еден од најквалитетните и нај...

Малата струмичанка Драгана Костова го освои балканот - втора во шоуто „Неки нови клинци“

Малата струмичанка Драгана Костова го освои балканот - втора…

Јун 16, 2018 Магазин

12-годишната струмичанка Драган Костова, синоќа го освои второто место во финалето од балканско детско музичко шоу „Неки нови клинци“. Во изминатите ...

Ресторан од Струмица бара готвачи и келнери

Ресторан од Струмица бара готвачи и келнери

Јун 16, 2018 Веб Билборд

Ресторан од Струмица има потреба од готвачи со работно искуство и келнери. Подетални информации и пријавување на: 078/607-472...

Реакција на „Еуромакс ресоурсис“ по денешниот протест низ улиците на Струмица

Реакција на „Еуромакс ресоурсис“ по денешниот протест низ ул…

Јун 16, 2018 Струмица

Рудникот за бакар и злато е целосно безбеден за животната средина и здравјето на граѓаните и е пример за одговорно и модерно рударство – велат од комп...

Околу илјада граѓани маршираа против рудникот „Иловица“

Околу илјада граѓани маршираа против рудникот „Иловица“

Јун 16, 2018 Струмица

Околу илјада граѓани маршираа по струмичките булевари „Маршал Тито“ и „Гоце Делчев“, испраќајки порака до власта да се забрани отворањето на рудникот ...

Одложено прскањето против комарци

Одложено прскањето против комарци

Јун 16, 2018 Струмица

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните од општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Радовиш, Конче, Валанд...