Пилот проектот „Гаранција за млади“ за два месеци ги надмина очекувањата

Среда, 16 Мај 2018

Општина Струмица е дел од пилот проектот „Гаранција за млади“ кој на младите им овозможува можност за обука, преквалификација, основање сопствен бизнис, вработување или образовна надградба. Како што информираше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на вчерашниот Отворен ден со млади невработени лица, програмата за два месеци ги надмина очекувањата.

„Почнуваме со увид во состојбите во Струмица, затоа што оваа програма ги надмина нашите очекувања и за само два месеца се вклучени 700 лица во трите градови, од кои 123 веќе се во работен однос“ - истакна Царовска.

На Отворениот ден со млади невработени лица кој се одржа вчера во Домот на АРМ зборуваше и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски кој истакна дека општината во целост го поддржува овој проект преку кој младите ќе го најдат своето место во општеството и полесно ќе ги понудат своите способности.

„Ние ги поддржуваме таквите проекти, бидејќи ги ветивме. Ме радува што првите резултати се охрабрувачки и ветувачки и продолжуваме понатаму со исто темпо со цел младите да го најдат своето место во општеството и полесно да ги понудат своите способности и да можат да бидат креативни учесници во подобрата иднина за сите“ - рече градоначалникот Коста Јаневски.

Министерката Мила Царовска информираше дека за 640 млади луѓе вклучени во проектот веќе е направен индивидуален план за вработување, а 220 веќе биле вклучени во други услуги за вработување како што се мотивациски обуки, обуки за барање работа, професионална ориентација и кариерно советување. Исто така, од пријавените, 123 млади лица веќе се во работен однос, а останатите 60 проценти аплицирале за некои од програмите или мерките за вработување.

Овој пилот проект има за цел на млади лица на возраст од 15 до 29 години во период од четири месеци да им обезбеди шанса за вработување, континуирано образование и обука или практиканство. Истиот се спроведува од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Македонија и Националниот младински совет на Македонија, а е финансиски поддржан и од Швајцарската амбасада во Скопје. /К.Ѓ./

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Окт 17, 2018 Струмица

„Денови на маргинализирани уметности“, посветен на сатирата, афоризмот и карикатурата, што ќе се одржи вечерва во 19:00 часот во фоајето на Центарот з...

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Окт 16, 2018 Струмица

Непознати сторители дивееле во малиот „Бежански парк“ кај ЕВН Македонија, познат како „Паркот на децата – бегалци“. Ја уништиле урбаната опрема, клупи...

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Окт 16, 2018 Струмица

На два пункта, пред маркетот „Тинекс“ и пред влезот на ТЦ „Глобал“, струмичани донираат храна, покажуваајќи ја својата хуманост, по повод 16 октомври...

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкција на Детската градинка „Сонце“ во Ново Село

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкциј…

Окт 15, 2018 Струмица

Денеска во малата сала на ресторанот „Сонце“, Општина Ново Село ја одржа завршната Конференција, како дел од активностите од проектот со референтен бр...

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Окт 15, 2018 Струмица

Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, која ќе се одржи утре, 16 октомври, по повод Светскиот де...

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правната држава“

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правнат…

Окт 15, 2018 Струмица

Вчера во Ново Село, во организација на Унија на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ, се одржа трибина на тема: „За слободата, владеење на правото и правната држ...

ЕКСКЛУЗИВНО: Тарик Филиповиќ со Ќиро доаѓа во Струмица

ЕКСКЛУЗИВНО: Тарик Филиповиќ со Ќиро доаѓа во Струмица

Окт 15, 2018 Струмица

Македонската публика го засака пред 15 години кога со квизот „Кој сака да биде милионер“ го доби и прекарот „хрватскиот милионер“. Тарик Филиповиќ, ед...

Во неизвесен натпревар до последната секунда струмичките ракометари со  победа 27:26 против „Младост 09“

Во неизвесен натпревар до последната секунда струмичките рак…

Окт 15, 2018 Струмица

Ракометарите на „Астраион“ ги нижат своите победи во Првата ракометна лига на Македонија. Го имат и најдобриот стрелец, Иванче Ончев, кој со 38 погодо...