Одржан Регионалниот натпревар „Детски семафор 2018“

Вторник, 15 Мај 2018

Во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од Струмица, под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Струмица, со поддршка од МВР - Сектор сообраќај Струмица, во ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица се одржа Регионалниот натпревар за учениците од основните училишта од општините Струмица, Валандово, Гевгелија и Богданци.

Од четирите општински екипи, кои зедоа учество на натпреварот, во категорија на мала група се натпреваруваа 16 ученици, а во категорија на голема група 8 ученици. По завршувањето на теоретскиот дел, решавање тестови од сообраќајот по електронски пат, како и по практичниот дел во вешто возење велосипед на полигонот, во екипна конкуренција првото место и припадна на екипата од Гевгелија, со најмногу натпреварувачи кои си здобија со правото да учествуваат на државниот натпревар, кој ќе се одржи на 20 мај 2018 година, во Скопје.

Во поединечна конкуренција, мала група женски, првото место и припадна на Вероника Василева од ООУ „Маршал Тито“ од Муртино, општина Струмица, второто место го освои Февронија Панова од ООУ „Кирил и Методиј“ од Стојаково, општина Богданци, а третото за Јованка Ѓоревска од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија.

Кај малата група машки, првото место го освои Александар Ристов, од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија, второто место му припадна на Симеон Цунев од ООУ „Сандо Масев“ од Струмица, а третото место го освои Благоја Милошовски од ООУ „Петар Мусев“ од Богданци.

Големата група женски со првото место ја предводеше Теодора Николовска, од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци, општина Гевгелија, второто место го доби Сара Стојанова од ООУ „Сандо Масев“ од Струмица, а третото место го освои Марина Мојсова од ООУ „Кирил и Методиј“ од Стојаково, општина Богданци.

Во големата група машки, во поединечна конкуренција првото место му припадна на Трајче Динев од ООУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија, второто место го освои Бранко Партинов од ООУ „Сандо Масев“ од Струмица, а третото место за Иван Киров од „Кирил и Методиј“ од Стојаково, општина Богданци.

На државниот натпревар ќе учествуваат: Трајче Динев од ООУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија, Теодора Николовска од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци (општина Гевгелија), Александар Ристов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија, Симеон Цунев од ООУ „Сандо Масев“ од Струмица, Вероника Василева од ООУ „Маршал Тито“ од Муртино (општина Струмица) и Февронија Панова од ООУ „Кирил и Методиј“ од Стојаково (општина Богданци).

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Окт 17, 2018 Струмица

„Денови на маргинализирани уметности“, посветен на сатирата, афоризмот и карикатурата, што ќе се одржи вечерва во 19:00 часот во фоајето на Центарот з...

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Окт 16, 2018 Струмица

Непознати сторители дивееле во малиот „Бежански парк“ кај ЕВН Македонија, познат како „Паркот на децата – бегалци“. Ја уништиле урбаната опрема, клупи...

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Окт 16, 2018 Струмица

На два пункта, пред маркетот „Тинекс“ и пред влезот на ТЦ „Глобал“, струмичани донираат храна, покажуваајќи ја својата хуманост, по повод 16 октомври...

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкција на Детската градинка „Сонце“ во Ново Село

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкциј…

Окт 15, 2018 Струмица

Денеска во малата сала на ресторанот „Сонце“, Општина Ново Село ја одржа завршната Конференција, како дел од активностите од проектот со референтен бр...

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Окт 15, 2018 Струмица

Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, која ќе се одржи утре, 16 октомври, по повод Светскиот де...

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правната држава“

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правнат…

Окт 15, 2018 Струмица

Вчера во Ново Село, во организација на Унија на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ, се одржа трибина на тема: „За слободата, владеење на правото и правната држ...

ЕКСКЛУЗИВНО: Тарик Филиповиќ со Ќиро доаѓа во Струмица

ЕКСКЛУЗИВНО: Тарик Филиповиќ со Ќиро доаѓа во Струмица

Окт 15, 2018 Струмица

Македонската публика го засака пред 15 години кога со квизот „Кој сака да биде милионер“ го доби и прекарот „хрватскиот милионер“. Тарик Филиповиќ, ед...

Во неизвесен натпревар до последната секунда струмичките ракометари со  победа 27:26 против „Младост 09“

Во неизвесен натпревар до последната секунда струмичките рак…

Окт 15, 2018 Струмица

Ракометарите на „Астраион“ ги нижат своите победи во Првата ракометна лига на Македонија. Го имат и најдобриот стрелец, Иванче Ончев, кој со 38 погодо...