51 ученик од основното образование во деветте основни училишта на територијата на општина Струмица, на почетокот на второто полугодие ја напуштиле наставата, односно нивните родители ги отпишале од училиштата. Информацијата ни ја потврди и Општинскиот просветен инспектор при општина Струмица, Зоран Узунов.
Како што ни рече Узунов, причина за отпишување на овие ученици, според изјавите на родителите е заминување на семејството на работа во странство.
На 1 септември 2017 година, 5075 ученици од прво до деветто одделение започнале да ја следат наставата од учебната 2017/2018 година, второто полугодие на 22 јануари го започнале 5024 ученици.
Најмногу ученици кои го напуштиле училиштето е забелажно во одделенската настава, односно од прво до петто одделение се отпишале 35 ученици, додеката во предметната настава од шесто до деветто одделение 16 ученици.
Според изјавите на родителите, кои барале да ги отпишат своите деца од училиштата, 24 деца - ученици со нивните семејства заминале во Словенија, 9 во Италија по 7 во Германија и Австрија, тројца во Швајцарија и едно во Англија.
Овие бројки за отпишување ученици од основното образование поради иселување во друга држава е само на територијата на општина Струмица, додека бројката од поранешната стара општина Струмица, односно и општините Василево, Босилово и Ново Село, е многу поголема. /Р.Ѓ./
© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...
.
.
Апр 24, 2018 Струмица
Финалето од Купот на Македонија меѓу Шкендија и Пелистер ќе се одигра на 23 мај на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток од 20 часот. Иако, бито...
Апр 24, 2018 Струмица
Преку Програмата ROMACTED - „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“, која е заедничка Програма на Европската Унија (...
Апр 24, 2018 Најава
Здружението за среќа „Говор на Радоста“ во четврток, со почеток во 20:00 часот ќе ја изведе драмската претстава „моМЕНТАЛНО“. Станува збор за претста...
Апр 24, 2018 Веб Билборд
Слаткарницата „Sugarland“ од Струмица има потреба од возач со положен возачки испит „Б категорија“. Подетални информации и пријавување во слаткарницат...
Апр 24, 2018 Струмица
Мала е „големата“ сала во Центарот за култура „Антон Панов“, посебно за концерти и манифестации организирани од средното општинско училиште „Јане Санд...
Апр 23, 2018 Струмица
По повод меѓународниот Ден на книгата и авторските права, претставници на Унија на жени при Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја посетија Гр...
Апр 23, 2018 Магазин
Момците од Нокаут ќе ги донесат најромантичните звуци на препознатливата сцена во градскиот парк на годинашното седмо издание на „Струмица ОПЕН фестив...
Апр 23, 2018 Струмица
Денеска во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица беше одбележан меѓународниот Ден на книгата и авторското право. Директорката на библиотека...