Поетесата Вања Изова Велева најновата збирка ја создавала меѓу колегите од струмичката гимназија

Сабота, 17 Март 2018

„Ова книга својот зародиш го најде меѓу луѓето со кои 8 години споделував радости, таги, успеси, неуспеси, паѓања и кревања. Ова книга е книга на сите мои колеги од СОУ „Јане Сандански“, кои беа и остануваат дел од мојот живот. Овој чекор по жица им го посветувам ним, со надеж дека ќе се сретнеме некаде помеѓу“ - рече во своето обраќање поетесата Вања Изова Велева, која синоќа ја промовираше својата најнова збирка од песни наречена „Чекор по жица“, како што вели, своевиден проект со душа потпомогнат од дел од моите колеги, поделена на четири циклуси, од кои два директно поврзани и пишувани врз емоциите што допреле до неа од уметничките дела на веќе етаблираните Љупка Галазка Василев и Митко Тошев.

Промоторот Виолета Танчева Златева, поетската збирка „Чекор по жица“ ја читала како поезија на можности за излез од маѓепсаниот круг на самоуништување и самоосуденост на заборав, потенцирајќи дека треба да докажеме дека го заслужуваме своето место на оваа парче од светот што ни е дадено да го облагородиме со своите животи.

„Од секогаш така сум ги читала песните на мојата драга Вања. Тие секогаш одново ме сепнуваат и ме терат барем за миг да подзастанам во секојдневната итаница и да подразмислам, дали навистина го живеам најдобриот дел од себе. Во таа смисла „Чекор по жица“ е книга потсетник дека сепак сме овде и дека не има, но и дека треба да го оправдаме своето постоење, своето чекорење по жицата на животот. „Чекор по жица“ е стамена книга водилка што не поттикнува да оставиме своја трага во времето и просторот за да не има и тогаш кога физички веќе нема да бидеме присутни на овој свет“ - вели Танчева Златева.

Спој од музика, избор на Горан Куќиќ, уметнички слики од двајцата струмички уметници, Љупка и Митко и поезијата на Вања во интерпретација на Мариета Дукиќ, Катерина Панов Кожаров и Сузана Мицева, на камерната сцена во Центарот за култура во Струмица, направија ретко доживување за љубителите на пишаниот збор, кои синоќа ги имаше во голем број. /Р.Ѓ./

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Окт 17, 2018 Струмица

„Денови на маргинализирани уметности“, посветен на сатирата, афоризмот и карикатурата, што ќе се одржи вечерва во 19:00 часот во фоајето на Центарот з...

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Окт 16, 2018 Струмица

Непознати сторители дивееле во малиот „Бежански парк“ кај ЕВН Македонија, познат како „Паркот на децата – бегалци“. Ја уништиле урбаната опрема, клупи...

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Окт 16, 2018 Струмица

На два пункта, пред маркетот „Тинекс“ и пред влезот на ТЦ „Глобал“, струмичани донираат храна, покажуваајќи ја својата хуманост, по повод 16 октомври...

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкција на Детската градинка „Сонце“ во Ново Село

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкциј…

Окт 15, 2018 Струмица

Денеска во малата сала на ресторанот „Сонце“, Општина Ново Село ја одржа завршната Конференција, како дел од активностите од проектот со референтен бр...

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Окт 15, 2018 Струмица

Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, која ќе се одржи утре, 16 октомври, по повод Светскиот де...

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правната држава“

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правнат…

Окт 15, 2018 Струмица

Вчера во Ново Село, во организација на Унија на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ, се одржа трибина на тема: „За слободата, владеење на правото и правната држ...

ЕКСКЛУЗИВНО: Тарик Филиповиќ со Ќиро доаѓа во Струмица

ЕКСКЛУЗИВНО: Тарик Филиповиќ со Ќиро доаѓа во Струмица

Окт 15, 2018 Струмица

Македонската публика го засака пред 15 години кога со квизот „Кој сака да биде милионер“ го доби и прекарот „хрватскиот милионер“. Тарик Филиповиќ, ед...

Во неизвесен натпревар до последната секунда струмичките ракометари со  победа 27:26 против „Младост 09“

Во неизвесен натпревар до последната секунда струмичките рак…

Окт 15, 2018 Струмица

Ракометарите на „Астраион“ ги нижат своите победи во Првата ракометна лига на Македонија. Го имат и најдобриот стрелец, Иванче Ончев, кој со 38 погодо...