Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со млади струмичани

Вторник, 13 Март 2018

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од денеска започнува интензивни теренски посети низ градовите и селата на средби со граѓани. Средбите ги започна од Струмица, со младите членови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Младите ме информираа за сета онаа ситуација којашто се случува во Република Македонија, поготово во нивниот град. Разговаравме околу актуелните политички и економски теми, посебно се загрижени за застојот во економијата, бидејќи не гледат перспектива. Со ваква економија којашто е на дното во Европа навистина се загрижени за својата иднина. Ние не смееме да дозволиме уште една генерација да изгубиме, изгубивме многу генерации. Токму затоа тука е ВМРО ДПМНЕ, помеѓу нив да собере идеи, да собере предлози, коишто понатаму, заедно со оние коишто ги имаме веќе разработено, да ја креираме таа нова програма, којашто ќе донесе нова надеж за подобра иднина и поквалитетна иднина за сите граѓани во Република Македонија“ - изјави Мицкоски по средбата со младите.

На средбата со младите, на Мицкоски друштво му правеа и првите луѓе на струмичкото ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Општинскиот комитет, Александар Донев, претседателката на Унија на жени, Тања Достинова Запрова и претседателот на Унија на млади сили, Владимир Ристов.

Во текот на денот Мицкоски ќе го посети Месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вељуса, а вечерва ќе одржи и состанок со Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. /Р.Ѓ./

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот …

Сеп 23, 2018 Струмица

Во Струмица на некогашниот полигон за полагање возачки испит на АМД Стрела, се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија, на кој учес...

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

Сеп 23, 2018 Струмица

Двајца параглајдери со рекламното лого на „Излези ЗА европска Македонија“, денеска напладне летаа низ струмичко, повикувајќи ги граѓаните да излезат н...

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Виена

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Ви…

Сеп 23, 2018 Струмица

И годинава струмички „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот за дегустација на вино во Виена, Австрија, привлекувајќи го вниманието на светските ...

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Сеп 22, 2018 Струмица

Овој вторник во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ - Струмица со почеток во 20:00 часот ќе бидат промовирани двете поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реоб...

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

Сеп 22, 2018 Магазин

Познатото момче од Струмица, оперскиот пејач од Торонто, Чикаго, Лондон, Милано, Васил Гарванлиев, кој постарите струмичани и Македонците го знаат по ...

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Сеп 21, 2018 Струмица

Утре и во недела Струмица ќе биде домаќин на Авто слалом трки во организација на АКК „Примо авј“ од Скопје, а под контрола на стручна комисија на АФМ...

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти роденден

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти род…

Сеп 21, 2018 Струмица

Поранешниот фудбалер на ФК „Беласица“, струмичанецот Илија Николов, меѓу постарите струмичани и спортисти познат како Моторетката, денеска полни 100 г...

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Сеп 21, 2018 Магазин

Погледнете го видеото од Струмичката котлина снимено од дрон на „eppstudio“ со една порака на авторот: „Да го чуваме и негуваме ова парче земја кое не...