Невладините од Струмица да ги подготват проектите, општината ќе додели над 50 илјади евра

Понеделник, 12 Март 2018

Секоја година во овој период Општина Струмица објавува јавен повик за прибирање проекти од невладините организации, кои ќе се реализираат во текот на оваа 2018-та година.

За годинава од општинскиот буџет е обезбедена финансиска поддршка од 3.250.000 денари, за здруженија на граѓани кои ќе конкурираат на јавниот повик, кој ќе биде објавен утре, а за кој денеска Одделението за локален економски развој организираше Инфо ден со претставници на невладините организации кои работат на територијата на општина Струмица.

„Целта на овој Инфо ден е граѓанските организации однапред да ги подготвиме за јавниот повик кој што ќе биде објавен во текот на утрешниот ден на локалните медиуми и општинската веб страница и да им помогнеме да ги обезбедат сите потребни документи, да ја им ја доближиме апликацијата, односно пријавата и да ги упатиме на начинот на нејзина подготовка во рамките на упатствата и правилата кои што се потврдени од градоначалникот на општина Струмица, да ги информираме за вкупните финансиски средства кои што им стојат на располагање за нивните квалитетни проекти или програми и да им помогнеме да ги користат сите алатки кои што кои им се ставаат на располагање, а се дел од Јавниот повик. Единствената цел е да креираат добри проекти и програми во рамките на стратешките области кои што се извлечени од стратешките документи за 2018 година и во контекст на истото да ги да ги информираме за сите следни постапки кои што одделението за локален економски развој ги има како надлежност во спроведувањето на самата методологија усвоена од Советот на општина Струмица и во тој контекст да создадеме услови и оваа година да прибереме што поквалитетни проекти и програми чија имплементација ќе ја потврдат исполнувањето на сите стратешки документи на општина Струмица за оваа 2018 година“ - рече во изјава за медиумите Тони Милушев, раководите на Одделението за ЛЕР при општина Струмица.

Согласно методологијата и критериумите, проектите кои што можат да бидат поддржани со најголема вредност се од 250.000 денари, а проектите кои што се со минимална вредност или не се соодветно испланирани, а добијат бодови согласно дадените критериуми, можат да бидат поддржани со најмала вредност од 60.000 денари и двете вредности се однесуваат и на проектите и на програмите.

Оние кои ќе бидат избрани и ќе добијат финансиска поддршка, своите проекти ќе треба да ги реализираат до крајот на годината. /Р.Ѓ./

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот …

Сеп 23, 2018 Струмица

Во Струмица на некогашниот полигон за полагање возачки испит на АМД Стрела, се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија, на кој учес...

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

Сеп 23, 2018 Струмица

Двајца параглајдери со рекламното лого на „Излези ЗА европска Македонија“, денеска напладне летаа низ струмичко, повикувајќи ги граѓаните да излезат н...

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Виена

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Ви…

Сеп 23, 2018 Струмица

И годинава струмички „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот за дегустација на вино во Виена, Австрија, привлекувајќи го вниманието на светските ...

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Сеп 22, 2018 Струмица

Овој вторник во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ - Струмица со почеток во 20:00 часот ќе бидат промовирани двете поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реоб...

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

Сеп 22, 2018 Магазин

Познатото момче од Струмица, оперскиот пејач од Торонто, Чикаго, Лондон, Милано, Васил Гарванлиев, кој постарите струмичани и Македонците го знаат по ...

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Сеп 21, 2018 Струмица

Утре и во недела Струмица ќе биде домаќин на Авто слалом трки во организација на АКК „Примо авј“ од Скопје, а под контрола на стручна комисија на АФМ...

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти роденден

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти род…

Сеп 21, 2018 Струмица

Поранешниот фудбалер на ФК „Беласица“, струмичанецот Илија Николов, меѓу постарите струмичани и спортисти познат како Моторетката, денеска полни 100 г...

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Сеп 21, 2018 Магазин

Погледнете го видеото од Струмичката котлина снимено од дрон на „eppstudio“ со една порака на авторот: „Да го чуваме и негуваме ова парче земја кое не...