Иконата Богородица Скоропослушница и денеска сплоти народ низ улиците на Струмица

Недела, 11 Март 2018

Во спомен на пристигнувањето на копијата од чудотворната икона Богородица Скоропослушница, која на 12-ти март 2017-то лето Господово беше донесена на дар во храмот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ од светогорскиот манастир Дохијар, денеска повторно беше изложена на поклонение низ улиците на Струмица.

Поворката од голем број верници започна од храмот „Свети Петнаесет“ и се движеше низ улиците „5-ти Ноември“, „Крушевска Република“ и „Балканска“ до кружниот тек, продолжи по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“.

На плоштадот се одржа молитвословие - доксологија, проследени со кратки поздравни слова од Митрополитот на Европската епархија, отец Пимен од Македонската Православна Црква и грчкиот свештеник од манастирот на Света Гора, отец Филотеј.

Митрополитот Пимен истакна дека иконата на Богородица Скоропослушничка не треба да им служи на струмичани само да се фалат пред другите градови.

„Да одите пред иконата да се помолите и заблагодарите за секое едно добро што ни го дарува Господ и постојано да го градите тој ваш молитвен однос со Пречистата Богомајка и на тој начин Гспод Бог да ви дарува многу години и добрини во вашите животи“ - рече Пимен.

Грчкиот свештеник отец Филотеј побара да запрат расколите во црквата и да се воспостави длабок мир.

„Нашата света соборна црква е во целиот свет и е поделена на помали помесни цркви соедниети во православна црква. Се нарекува црква оти не сме се собрале самите, туку не собрал самиот Христос Бог“ - рече свештеникот од Светогорскиот манастир Дохијар.

По обраќањето на отец Пимен и отец Филотеј, Богородица Скоропослушница низ улиците на Струмица, накитена со цвеќиња и зелени листови, а зад неа голем број верници, се упати назад кон вечното седиште, во манастирот „Свети Петнаесет“, носена од рацете на неколкумината струмичани кои ја донесоа иконата минатата година од Света Гора.

Иконата на градот Струмица и ја подари светиот игумен на Свештената Обител „Дохијар“ од Света Гора, Старец Григориј со своето во Христа братство, во знак на спомен на чудото што Пресветата Владичица наша Богородица го направила во 2016-та година над 18-годишно немо момче од Струмица, враќајќи му го говорот во целост. /Р.Ѓ./

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија

Во Струмица се одржа првата авто слалом трка за шампионатот …

Сеп 23, 2018 Струмица

Во Струмица на некогашниот полигон за полагање возачки испит на АМД Стрела, се одржа првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија, на кој учес...

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

ФОТО: Параглајдери летаа над Струмица ЗА европска Македонија

Сеп 23, 2018 Струмица

Двајца параглајдери со рекламното лого на „Излези ЗА европска Македонија“, денеска напладне летаа низ струмичко, повикувајќи ги граѓаните да излезат н...

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Виена

Вината на „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот во Ви…

Сеп 23, 2018 Струмица

И годинава струмички „Грозд“ со злато и сребро на AWC натпреварот за дегустација на вино во Виена, Австрија, привлекувајќи го вниманието на светските ...

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Во вторник промоција на две поетски збирки на Ристо Маџунков

Сеп 22, 2018 Струмица

Овој вторник во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ - Струмица со почеток во 20:00 часот ќе бидат промовирани двете поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реоб...

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

ВИДЕО: Васил Гарванлиев сними македонска песна

Сеп 22, 2018 Магазин

Познатото момче од Струмица, оперскиот пејач од Торонто, Чикаго, Лондон, Милано, Васил Гарванлиев, кој постарите струмичани и Македонците го знаат по ...

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Викендот Авто слалом трки „Струмица 2018“

Сеп 21, 2018 Струмица

Утре и во недела Струмица ќе биде домаќин на Авто слалом трки во организација на АКК „Примо авј“ од Скопје, а под контрола на стручна комисија на АФМ...

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти роденден

Поранешен фудбалер на ФК „Беласица“ денеска слави 100-ти род…

Сеп 21, 2018 Струмица

Поранешниот фудбалер на ФК „Беласица“, струмичанецот Илија Николов, меѓу постарите струмичани и спортисти познат како Моторетката, денеска полни 100 г...

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Прекрасно видео од Струмичката котлина снимено од дрон

Сеп 21, 2018 Магазин

Погледнете го видеото од Струмичката котлина снимено од дрон на „eppstudio“ со една порака на авторот: „Да го чуваме и негуваме ова парче земја кое не...