СТРУМА со својата маска ќе ја раскажат приказната за две сестри вљубени во ист човек

Вторник, 13 Февруари 2018

Здружението „СТРУМА“ годинава по 27-ми пат на Струмичкиот карневал со „Љубовна приказна“ за две сестри кои се вљубуваат во Богот на сонцето.

Добрила Достинова со своите 64 години сеуште ја има љубовта кон струмичката традиција - карневалот. Таа е столбот на „Струма“, опружена е претежно со млади луѓе.

Во лимена барака, покрај ќумбето, во пријатен топол амбиент, петнаесеттина млади од понежниот пол, секоја вечер ја подготвуваат карневалската гардероба за секој од 48-те учесници во нивната карневалска група. На сосема друга локација, надвор од градот, десеттина мажи во студена хала го подготвуваат маскираното возило на кое има еден огромен сончоглед, кој се отвора и затвора. Останатите, дома со своја обврска за карневалската маска.

Велат и годинава пак ќе бидеме најдобри со нашата маска. Наградата не е важна, поважна е реакцијата на публиката и впечатокот што ќе го оставиме со нашето дело, кое повеќе од еден месец го создаваме. „Ние никогаш не сме работеле маска за награда, знаеме дека сме најдобри“ - гордо вели Добрила.

Здружението „Струма“ со своите маски во изминатите две и пол децении, во поворката, на „сцената“ на плоштадот има изработено и претставено интересни маски со различна тематска содржина. „Во чудесниот свет на Дизниленд“, „Мапет Шоу“, „Playboy“, „Доаѓањето на Клеопатра во Рим“ и уште многу други богати и убаво изработени маски, бројни со учесници и секогаш со најдолги аплаузи и награди од карневалското жири... /Р.Ѓ./

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Танчерките „Mantock“ ќе ја отворат големата „опенфестовска“ сцена на плоштадот

Танчерките „Mantock“ ќе ја отворат големата „опенфестовска“ …

Авг 17, 2018 Струмица

Од вечерва започнуваат долгоочекуваните концерти на македонските, балканските и светски музички гости. Големата ОПЕН фест сцена ќе биде активна од 21:...

Вечерва финалето во одбојка на песок

Вечерва финалето во одбојка на песок

Авг 17, 2018 Струмица

Веќе трет ден на спортското игралиште во ООУ „Сандо Масев“ во Струмица се одржува Турнир во одбојка на песок за девојчиња, во организација на училишни...

И првиот човек на струмичката полиција во трка за наследник на Велковски

И првиот човек на струмичката полиција во трка за наследник …

Авг 17, 2018 Струмица

Првиот човек на скопската полиција Тони Јакимовски е најспоменуваното име за наследник на сменетиот Лазо Велковски во Бирото за јавна безбедност. Иако...

Во пожар во Старо Коњарево изгореа крави, телиња, механизација

Во пожар во Старо Коњарево изгореа крави, телиња, механизаци…

Авг 16, 2018 Ново Село

Доцна попладнево во селото Старо Коњарево, општина Ново Село, избувнал пожар кој зафатил три објекти, во кои имало добиток и механизација. Според наш...

Денеска и утре турнир во одбојка на песок во ООУ „Сандо Масев“

Денеска и утре турнир во одбојка на песок во ООУ „Сандо Масе…

Авг 16, 2018 Струмица

Денеска и утре на одбојкарското игралиште во дворот на ООУ „Сандо Масев“ во Струмица ќе се одржува Турнир во одбојка на песок за девојчиња. Турнирот е...

Пријавете се за учество на „Street Basket – Владевци 2018“

Пријавете се за учество на „Street Basket – Владевци 2018“

Авг 16, 2018 Веб Билборд

Во тек е пријавувањето за учество на традиционалниот турнир во улична кошарка „Street Basket – Владевци 2018“, кој ќе се одржи во пресрет на големиот ...

Три дена до градското дерби, Балдовалиев и Стојков очекуваат полн стадион, добар меч

Три дена до градското дерби, Балдовалиев и Стојков очекуваат…

Авг 16, 2018 Струмица

Се наближува второто коло за двата струмички фудбалски клубови Беласица и Академија Пандев кои во недела ќе играат дерби на стадионот Младост. Натпрев...

Кузмановска: Членството во ЕУ носи огромни придобивки во земјоделството

Кузмановска: Членството во ЕУ носи огромни придобивки во зем…

Авг 16, 2018 Струмица

„Влегуваме во пазар од 500 милиони потрошувачи, што е многу важно, затоа што тоа ќе го олесни и ќе го зголеми извозот на нашите производи“ - истакна д...