Карневалската група „МУЛЕН РУЖ“ како Валкири

Понеделник, 12 Февруари 2018

Карневалската група „МУЛЕН РУЖ“ од Струмица, која годинава по 15-ти пат ќе се претстави на Струмичкиот карневал, забрзано работи да ја состави својата приказна преку маската за „Валкири“ - митолошки суштества од нордиската митологија и поезија, каде биле воинствени девици-божици во придружба на богот Один, што им помагале на јунаците во борбите, валкирите всушност одлучувале која страна ќе ја добие битката.

Анита Станковска од „Мулен Руж“ се надева дека со оваа маска ќе бидат интересни за струмичката публика, бидејќи досега никој не се претставил со ваква тематика.

„Мулен руж“ секоја година оригинални со своите маски на Струмичкиот карневал, целосно се вложуваат за секој детал во изработката на маската, од идејата, изборот на материјалите, кроење на гардеробата се до финалниот изглед.

Посилниот пол работи на опремување на помошните возила, за годинава имале две, жените пак ги подготвуваат костумите, маските, секој ситен детал од гардеробата...

„Работиме од Нова година, скоро секоја вечер се задржуваме по 4 до 5 часа. Нашите маски се препознатливи по тоа што имаат ситни детали кои ја прават да биде поуникатна и позабележителна од останатите маски. Префинетоста е нашата преокупација и затоа многу време ни е потребно за да изработиме една маска за карневалот во Струмица“ - вели карневалистката Анита.

23-ца ќе бидат „Валкири“, освен со изгледот подготвуваат и своја кореографија која ќе ја претстават на струмичкиот плоштад пред жирито и публиката.

Освен оваа маска, „Мулен руж“ подготвува и друга со втората група, но Анита не ни открива ништо за нив. Вели, на 17-ти февруари сите низ центарот на Струмица и на плоштадот и ќе видат што се подготвивме за овој наш вековен карневал... /Р.Ѓ./

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Прекин на струјата на излезот од Струмица кон Дабиле

Прекин на струјата на излезот од Струмица кон Дабиле

Окт 18, 2018 Струмица

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Вечерва Денови на маргинализирани уметности во Струмица

Окт 17, 2018 Струмица

„Денови на маргинализирани уметности“, посветен на сатирата, афоризмот и карикатурата, што ќе се одржи вечерва во 19:00 часот во фоајето на Центарот з...

Загина жител на Костурино превртувајќи се со тракторот

Загина жител на Костурино превртувајќи се со тракторот

Окт 17, 2018 Струмица

Вчера околу 18:30 часот кај местото викано „Голаш“ над селото Костурино, 64-годишниот К.М. од село Костурино, движејќи се со трактор се превртел и поч...

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Уништена урбаната опрема во Бежански парк

Окт 16, 2018 Струмица

Непознати сторители дивееле во малиот „Бежански парк“ кај ЕВН Македонија, познат како „Паркот на децата – бегалци“. Ја уништиле урбаната опрема, клупи...

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Струмица дел од акцијата „Нахрани 10.000“

Окт 16, 2018 Струмица

На два пункта, пред маркетот „Тинекс“ и пред влезот на ТЦ „Глобал“, струмичани донираат храна, покажуваајќи ја својата хуманост, по повод 16 октомври...

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкција на Детската градинка „Сонце“ во Ново Село

Се одржа завршната Конференција од проектот за реконструкциј…

Окт 15, 2018 Струмица

Денеска во малата сала на ресторанот „Сонце“, Општина Ново Село ја одржа завршната Конференција, како дел од активностите од проектот со референтен бр...

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Утре во Струмица донаторска акција „Нахрани 10.000“

Окт 15, 2018 Струмица

Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, која ќе се одржи утре, 16 октомври, по повод Светскиот де...

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правната држава“

Дејанчо Ефтимов „За слободата, владеење на правото и правнат…

Окт 15, 2018 Струмица

Вчера во Ново Село, во организација на Унија на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ, се одржа трибина на тема: „За слободата, владеење на правото и правната држ...