Струмички „Комуналец“ купил најефтини летни работни униформи, а „Маврово“ најскапи

Среда, 07 Февруари 2018

Струмичкото комунално претпријатие „Комуналец“ платило по 424 денари за летни работни униформи, додека за истиот производ, комуналното претпријатие од Маврови Анови платило пет и пол пати повисока сума, или 2.773 денари.

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави Индексот на рационалност бр. 17, во кој се споредени цените по кои се купувани зимски и летни работни униформи што се дел од личната заштитна опрема (ХТЗ-опрема) кај комуналните претпријатија, потоа цените за набавка на кломпи, кои како работни обувки најчесто ги купуваат детските градинки, следува одржување хигиена во внатрешни работни простории во различни државни институции и системи за инфузија кои ги купуваат здравствените установи.

Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на летните работни униформи, каде струмички „Комуналец“ на тендер ги набавил по најниска цена, 424 денари, додека најскапи летни работни униформи купило ЈПКД „Маврово“ од Маврови Анови, 2.773 денари.

Притоа, во тендерот спроведен од „Комуналец“ Струмица, којшто бил делив на два дела, работна облека и работни обувки, во делот за работна облека учествувале три фирми и била одржана е-аукција. Од друга страна, на тендерот спроведен од страна на комуналното претпријатие „Маврово“ од Маврови Анови, била добиена една понуда и поднесувањето на конечната цена завршило без да биде понудена нова намалена цена.

Индексот е замислен како показател за државните институции, што треба да им послужи како основа за подобрување на рационалноста при јавните набавки, односно при трошењето на јавните пари, бидејќи целта на државните институции, е секогаш кога можат, да се стремат кон постигнување на најниските цени и подомаќински да ги трошат јавните пари.

Во изработката на индексот на рационалност биле вклучени 48 институции на национално и на локално ниво, коишто за овие набавки спровеле 53 тендери во текот на 2016 и во 2017 година.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Електро-М“ има потреба од електричар и водоинсталатер

„Електро-М“ има потреба од електричар и водоинсталатер

Мај 27, 2018 Веб Билборд

Фирмата „Електро-М“ од Струмица има потреба од електричар и водоинсталатер со работно искуство. Подетални информации и пријавување на: 070/253-256. ...

Марјан Петров рамо до рамо со планетарниот Мејкап артист Марио Дедиванович

Марјан Петров рамо до рамо со планетарниот Мејкап артист Мар…

Мај 27, 2018 Магазин

Струмичкиот стилист Марјан Петров, полека но сигурно го искачува врвот на професионалци, кога станува збор за Makeup artist. На настанот The Master C...

Автомобил се преврте кај „Разнопромет АС“

Автомобил се преврте кај „Разнопромет АС“

Мај 26, 2018 Струмица

Сообраќајна незгода се случи вечерва пред 20-тина минути на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица, кај „Разнопромет АС“. Автомобил излетал од патот и с...

Бутик „ИМИЏ-М“ има потреба од девојка за работа

Бутик „ИМИЏ-М“ има потреба од девојка за работа

Мај 26, 2018 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ има потреба од девојка за работа во бутикот со работно искуство. Пријавување директно во бутикот, кој се наоѓа на први кат во ТЦ „Глоба...

Пакистански мигранти фатени кај Костурино

Пакистански мигранти фатени кај Костурино

Мај 26, 2018 Струмица

Група од 25 пакистански мигранти рано утринава биле фатени од страна на полицијата во близина на селото Костурино откако неколку лица ги товарале во д...

Гордата мајка Благица Калева победи на Фолк Фест „Валандово 2018“

Гордата мајка Благица Калева победи на Фолк Фест „Валандово …

Мај 26, 2018 Магазин

Валандовчанката од Струмица, Благица Калева е победник на 33-от фестивал на македонски новосоздадени песни „Фолк Фест Валандово 2018“, со песната „Гор...

Да им помогнеме на Давид и Катерина Рујковски

Да им помогнеме на Давид и Катерина Рујковски

Мај 25, 2018 Магазин

10-годишниот Давид и 13-годишната Катерина имаат оштетен вид и за да можат да го завршат своето образование нормално, потребни им се специјални ТВ луп...

Во Струмица пристигна автобусот на европската кампања за минимални приходи

Во Струмица пристигна автобусот на европската кампања за мин…

Мај 25, 2018 Струмица

Кампањата за минимални приходи која е во организација на Европската мрежа за минимални приходи има за цел преку турнеја со автобус во 64 дена да посет...